Автор Тема: Volkswagen Caddy - мислења и искуства  (Прочитано 5699 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« на: 08 Мај 2013, 00:17:35 am »
Ми треба мислења и искуства со ФВ Кеди 2005 година па навака.
Добив задача да му најдам вакво возило на татко ми, или од тука или од Бугарија.

Секое ваше мислење во врска со ова возило е добредојдено, Велештрумф бидејќи имаш кажано дека возиш вакво службено, кажи нешто повеќе, на што да се обрне внимание итн.итн.

Најпрво јас си направив една слика што уствари треба да барам.
Па таа би изгледала вака отприлика:
- Моторот да е исклучиво дизел, по можност 2,0 СДИ
- Ако може да се најде комбинирано или патничко би било супер, ако не, и само товарно е ОК.
- Од опрема ништо не е битно, бидејќи се бара половно возило, ако се погоди да има клима ОК, ако не пак ОК.

Километрите и не се така битни колку што е битна состојбата на моторот, нормално и каросериски да е ОК.
Возилово ќе се користи за работа, и 90% од километрите ќе се прават низ Скопје, останатите максимум во радиус од 50 км околу Скопје.

Ако по некоја случајност се најде патничко со 7 седишта, во тој случај јас ќе му го зимам и ке се вози повеќе на отворено.

Ако имате некој познат кој продава вакво возило во солидна состојба, ве молам да пишете тука или по ПП.

Желбата на татко ми е Кеди и несака ништо друго, но може да се земе во предид и некое Пежо Партнер/Бипер или Берлинго/Немо.
Така да и ова е опција, но ќе треба да поработам на случајот за да полесно ги прифати. Ако имате некоја интересна понуда од овие пишете.
Секое искуство и со овие возила е добредојдено, на што да се внимава, предности слабости итн.

Прва опција е Дизел, освен ако не е некоја добра понуда за бензинец, па да се оди на плин.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #1 на: 08 Мај 2013, 00:44:04 am »
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=796907   Моторот е во одлична состојба, прва боја, не мавано. Има 2-3 мали вдлабнувања на каросеријата.

Околу искуството, па зависи на што е навикнат, што возел до сега. Ако е на хеч или некоја лимузина,  малку потешко оди навикнувањето искрено. Неколку пати го имам ова возено и доста несигурно се осеќав. Но предпоставувам така зошто сум навикнат на пониска кола.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #2 на: 08 Мај 2013, 09:26:15 am »
Хелоу.

Вака сеа, со ред... Уште у старт ќе ти кажам дека Кедито е фантастично (не толку) мало товарно возило, и веројатно нема подобро од него. Зошто, ју мајт сеј? Имаме Кеди(ја) од 2005 па наваму и до сега стварно не ни дале причина зашто да гледаме и бараме нешто друго.

- Првото Кеди 2.0 СДИ - пројде 447000 км за некои 4-5 години, што ќе рече, видело солидна вожња. После тоа го продадовме, и ден денешен сеуште си вози. Проблеми: ни исфорсираа проблем со „процесорот“, и солидно ни го наплатија, а не го решија проблемот. Проблемот се појави после краткотрајна средба на Кедито со врнежи од град, на аутопут... После се испостави дека проблемот бил во некое реле, на кое малку му се оголиле контактите и фатиле р’ѓа. Во Ауто Тек (Шиник) тоа го средија (они и го најдоа проблемот, не Порше), и Кедито продолжи да си нема мука. После некои 350 000 км беше сменета водна пумпа и пумпата за куплунгот, оти изгуби притисок. Како што реков, Кедито сеуште верно си го служи новиот сопственик. За да нема забуни, го продадовме пошто купивме ново, и немавме потреба од него, а пројде временскиот период за кој мора возилото да ти биде регистрирано на фирма.

- Второто Кеди 2.0 СДИ - врсник со Лансерот (двата ги земавме на исти ден, пред 5 години), веќе има поминато преку 500 000 км, само со редовен сервис и ништо друго. Моторот си работи како од фабрика излезен, и ништо до сега не е сменето (од аспект на ламела, потисна плоча, замаец или што ти ја знам...). Редовно е сервисирано, со оние вообичаени сезонски промени на гуми и слично.

- Третото Кеди 1.6 ТДИ - го земавме пред месец дена, па тек треба да се покаже. Моторот нормално, другото си го знаеме :)

Многу битна работа - кај двете Кедија, кабините останаа читави, после многу многу експлоатација. Нормално, се појави „лижење“ на пластиките на воланот и околу прекидачите за клима/светла/радио, но тоа беше се’. Рака на срце, кај второто не се ни појави тоа „лижење“ околу прекидачите, само кај првото беше тој случај. Нема ниту пукање на пластики, нити било какви значителни оштетувања. Гад демит, ни тапацирот се нема поткинато!

Друга многу битна работа - од сите возила од таа класа, кои сум ги пробал до сеа, само Кедито ти дава чувство дека возиш кола. Да, голема висока кола (АКА моноволумен), ама пак кола, а не комбе. Има замашна носивост и одличен волумен на товарен простор (и двете се веројатно најдобри во класата).

Во директна споредба, Форд Транзит Конект се осеќаше премногу како комбе, и многу беше бучно; на Фиат Добло му се гледа(ше) металот на вратите (што мене ужасно многу ме нервира) и плус нема(ше) каде да ја потпреш левата рака, што уште повеќе ме нервира, оти нема поента да немаш каде да ја ставиш раката. Сепак некои од овие возила набиваат солидни километражи на дневна основа, и тоа едноставно е голем недостаток, кој му пречи на возачот. Француските варијанти (Пежо и Ситроен) беа значително поскапи, без соодветно да ја оправдаат цената. Немаа поголема носивост, не се сеќавам за големината на товарниот простор, ама и таа беше тука некаде. Едноставно, беа неосновано преценети. Рено Кангу немаше доволно голем товарен простор, а Кангу Макси патеше од истата претходно болдирана причина :) Опел Комбо нема поента, пошо е стара Корса со тумор на гзот... Нема доволно голема носивост, ниту располага со адекватен товарен простор, а за да има механизацијата поента, треба да е минимум 1.7 ЦДТИ, што на времето држеше цена, која воопшто не ја оправда, на ниеден можен начин. Не знам дали уште се продава, не сум проверил :)

Дефинитивно го препорачувам Кедито пред било кои други! Пежо Бипер/Ситроен Немо/Фиат Фиорино се интересни мали товарни количиња, ама рачунај дека се драстично помали и понеспособни во однос на Кеди. Доколку не е потребен поголемиот товарен простор и поголемата носивост, би препорачал било кое од нив, оти се исти. Доколку се најде, исто давам препорака за Пежо Партнер/Ситроен Берлинго, од претходните генерации, со 1.9 Д мотор. Едноставно, немаат смрт (освен ако некој (ин)директно не ја предизвика :)).

Ако имаш нешто конкретно, или не толку конретно, онака што те интересира, слободно прашај :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #3 на: 08 Мај 2013, 09:44:45 am »
Друга многу битна работа - од сите возила од таа класа, кои сум ги пробал до сеа, само Кедито ти дава чувство дека возиш кола. Да, голема висока кола (АКА моноволумен), ама пак кола, а не комбе. Има замашна носивост и одличен волумен на товарен простор (и двете се веројатно најдобри во класата).
Многу вода држи ова!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #4 на: 08 Мај 2013, 09:55:33 am »
До сега за низ град за транспорт на поситни работи сме користеле и користиме само Кеди! Моментално имаме две а овие се трети што ги менуваме. Ги тераат и по 150 иљади годишно и тоа претежно градска и мака немаат. Нормално имало ситни проблеми како и кај други возила но воглавном со редовно одржување немало многу главоболки!

Ако ти е за таква работа одино возилце е !

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #5 на: 08 Мај 2013, 09:59:10 am »
Велештрумф, многу ти фала на исцрпниот одговор.
Добар дел од работите кои мислев дека се така, ти само ми ги потврди.
Поминати километри на возилото нема да гледаме значи, доколку моторот работи ОК.
Многу многу битна работа е тоа дека Кедито се осеќа како кола а не како комбе, бидејќи тоа практично и ке се користи како кола после работно време.
Товарниот простор е многу небитен дел, на стариот ке му брка работа и Сеиченто ван или ај да не претерувам еве Бипер/Немо. Ама он сака Кеди. Бидејќи тоа нема да се користи за достава, туку се става алат и пропратни дрангалашки и не се вадат од таму, затоа и патничко Кеди ќе брка работа.

Во нареден период ќе ги видиме огласениве во државава, ама гледајќи ги цените низ Бугарија, се некако мислам дека натака ќе се оди.

Пак ќе кажам, ако имате некое познато а добро кажете. Многу добри коли се објавија и се продадоа од членови на форумов, се надевам дека ќе се појави и некое вакво возило од некаде.

До сега за низ град за транспорт на поситни работи сме користеле и користиме само Кеди! Моментално имаме две а овие се трети што ги менуваме. Ги тераат и по 150 иљади годишно и тоа претежно градска и мака немаат. Нормално имало ситни проблеми како и кај други возила но воглавном со редовно одржување немало многу главоболки!

Ако ти е за таква работа одино возилце е !

Не нема да биде доставно возило, туку возило, за од овде до онде, во кое мора да има алат и пропратни работи, и возило во кое повремено се пренесуваат поголеми работи, односно не така габаритни колку што се тешки, електромотори, пумпи, агрегати и сл.
Годишно се поминуваат ~20.000.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #6 на: 08 Мај 2013, 10:24:24 am »
Уелкам, затоа сме тука ;)

Не знам колку ви се брза, али еве, ќе го прашам стариот шо му е планот за второто Кеди, кога веќе земавме ново... Дали планира да го шитка сега или не, по која цена итн итн... Уил гет бек ту ју :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен caddy_korisnik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #7 на: 09 Август 2013, 20:29:46 pm »
prasanje do velestrumf vo vrska so

 ..."Првото Кеди 2.0 СДИ - пројде 447000 км за некои 4-5 години, што ќе рече, видело солидна вожња. После тоа го продадовме, и ден денешен сеуште си вози. Проблеми: ни исфорсираа проблем со „процесорот“, и солидно ни го наплатија, а не го решија проблемот. Проблемот се појави после краткотрајна средба на Кедито со врнежи од град, на аутопут... После се испостави дека проблемот бил во некое реле, на кое малку му се оголиле контактите и фатиле р’ѓа. Во Ауто Тек (Шиник) тоа го средија (они и го најдоа проблемот, не Порше)"...

dali moze da dobijam kontakt od Ауто Тек (Шиник)? pretpostavuvam deka e ova avto servis koj bi se razbiral od vw caddy. Imam i jas Caddy so eden problem, imeno koga se trgnuva vo prva cela kola pocnuva da trese a otkako ke se povozi malku nema nikakov problem. ova se slucuva samo vo prvo trgnuvanje vo denot. Spored ona sto mi go kazaa prijateli bi se rabotelo za problem so potisna lamela, no kolata e nova i ima pominato samo 20000km. Vo porsce makedonija poveke nikoga nema da stapnam zatoa sto na redovni servisi mi ja ukrale zastitnata plastika sto stoi na motorot, izolacijata ispod hauba, imaat skrseno eden kopce na  instrument tablata  i na posledniot servis sto mi gi naplatija filtrite za zamena ne gi ni promenija... KATASTROFA od servis lopovi nevideni...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #8 на: 09 Август 2013, 23:10:17 pm »
Ти пуштив ПП. Гуд лак!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #9 на: 09 Август 2013, 23:13:54 pm »
Викам јас дека Порше се гомна... ама јок бе... вреќа сол

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #10 на: 10 Август 2013, 09:30:17 am »
dali moze da dobijam kontakt od Ауто Тек (Шиник)? pretpostavuvam deka e ova avto servis koj bi se razbiral od vw caddy. Imam i jas Caddy so eden problem, imeno koga se trgnuva vo prva cela kola pocnuva da trese a otkako ke se povozi malku nema nikakov problem. ova se slucuva samo vo prvo trgnuvanje vo denot. Spored ona sto mi go kazaa prijateli bi se rabotelo za problem so potisna lamela, no kolata e nova i ima pominato samo 20000km. Vo porsce makedonija poveke nikoga nema da stapnam zatoa sto na redovni servisi mi ja ukrale zastitnata plastika sto stoi na motorot, izolacijata ispod hauba, imaat skrseno eden kopce na  instrument tablata  i na posledniot servis sto mi gi naplatija filtrite za zamena ne gi ni promenija... KATASTROFA od servis lopovi nevideni...

За таква работа се дига узбуна во салон и се контактира Порше Австрија. Само така ќе се научат.

Отсутен caddy_korisnik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #11 на: 10 Август 2013, 10:03:42 am »

колку за референца, уште веднаш кога почнаа да се појавуваат први проблеми со сервисот во Порше сервисот ги контактирав и Порше Австрија, и после една недела добив краток одговор ... вие сте мала земја и си имате овластен сервис.... за сите проблеми контактирајте ги порше македонија тие се наш овластен претставник... Инаку во гарантниот рок повеќе од 30 пати бев на сервис за 1 ист проблем и ниту еднаш не добив документ за прием на сервис (и што е сработено/?)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #12 на: 10 Август 2013, 10:08:59 am »
Е тука веќе проблемот е во тебе. Си оставил кола на сервис и не си побарал документ за тоа?

Отсутен caddy_korisnik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #13 на: 10 Август 2013, 10:49:29 am »
Е тука веќе проблемот е во тебе. Си оставил кола на сервис и не си побарал документ за тоа?
не не, значи процедурата кај нив беше: носиш кола на сервис, оставаш клуч и кола, потпишуваш документ за сервис,  и после неколку саати ти ја носат дома (или на адреса кај што сакаш) и ти викаат повели клуч колата е средена нема проблем никаков сега? (најверојатно специјален третман за клиенти со проблематични возила?) нареден пат (за една недела) одиш на сервис повторно и исто... после х пати се јавуваш во агенција за заштита на потрошувачи и ти кажуваат дека всушност тоа е практика на овластените сервиси за да избегнуваат траги на сервисирање. Совет од агенцијата: "не можете да ги тужите или да барате ново возило затоа што тие имаат многу јаки адвокати, одете на приватен сервис на друго место." И последниот пат кога правев редовен сервис не ми ставиле печат во сервисната книшка, наредниот ден видов бев за да ми го заверат сервисот, на приемно одделение типот проверува во компјутер 10 мин и вика неее немате правен сервис кај нас... после малку викање и урлање се појави шефот на сервис и го завери сервисот. Мислам дека овластените сервиси ги расипуваат возилата на секој прием кај нив за повторно да се врати клиентот кај нив? инаку зошто после секое излегување од сервис за многу кратко време нешто друго откажува? Истиот проблем го имаше еден другар во Цитроен, отиде дечкото за редовен сервис со исправна ц4 после излегување колава на 1км мртва компјутерот цркнал... демек таква била

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Caddy - мислења и искуства
« Одговори #14 на: 10 Август 2013, 11:15:58 am »
.... а зошто мене на Полото ми цркаше сензор на брегаста на секои неколку месеци....
Абе нема лабаво со несериозни фирми, или пак сериозно корумпирани фирми. Кога правиш бизнис со нив треба да си накострешен ко мисир, да се штитиш од нив не само да бараш услуга.