Е тука веќе проблемот е во тебе. Си оставил кола на сервис и не си побарал документ за тоа?
не не, значи процедурата кај нив беше: носиш кола на сервис, оставаш клуч и кола, потпишуваш документ за сервис, и после неколку саати ти ја носат дома (или на адреса кај што сакаш) и ти викаат повели клуч колата е средена нема проблем никаков сега? (најверојатно специјален третман за клиенти со проблематични возила?) нареден пат (за една недела) одиш на сервис повторно и исто... после х пати се јавуваш во агенција за заштита на потрошувачи и ти кажуваат дека всушност тоа е практика на овластените сервиси за да избегнуваат траги на сервисирање. Совет од агенцијата: "не можете да ги тужите или да барате ново возило затоа што тие имаат многу јаки адвокати, одете на приватен сервис на друго место." И последниот пат кога правев редовен сервис не ми ставиле печат во сервисната книшка, наредниот ден видов бев за да ми го заверат сервисот, на приемно одделение типот проверува во компјутер 10 мин и вика неее немате правен сервис кај нас... после малку викање и урлање се појави шефот на сервис и го завери сервисот. Мислам дека овластените сервиси ги расипуваат возилата на секој прием кај нив за повторно да се врати клиентот кај нив? инаку зошто после секое излегување од сервис за многу кратко време нешто друго откажува? Истиот проблем го имаше еден другар во Цитроен, отиде дечкото за редовен сервис со исправна ц4 после излегување колава на 1км мртва компјутерот цркнал... демек таква била
Значи вака:
1. Не викам дека лажеш.
2. Кога го расчистивме тоа - мене прикаскава ми изгледа маааааалку напумпана. Зошто?
- Зошто мене ми се нема случено вакво нешто - носам кола на сервис, потпишувам, и ми ја носат колата дома? Не можам да сконтам.
- Зошто би им ја враќал колата на сервис после една недела, ако ти кажале дека се е во ред? Не да урлам и да викам таму, од Порше Македонија ќе ме слушнат во Мак Ауто Стар дека се дерам.
- Од Агенција на заштита на потрошувачи ти кажуваат дека прикриваат "траги" од сервис? Ти потпишуваш некаков документ пред сервис, а немаш примерок за тебе? Не би дозволил такво нешто.
- Од "Агенцијава" се свесни за тоа, и туку така оставаат на случајност?
- Тие што треба да те заштитуваат, те предупредуваат дека имаат во Порше многу јаки адвокати, и те праќаат на приватен сервис? Што не им кажа да го платат, успат - кога веќе се толку загрижени за тебе?
- Не ти ставиле печат за извршениот сервис? Како тоа тебе ти промакна, како тоа не го виде ти, при преземање на возилото - без разлика што "ти го донеле дома"?
Не ги расипуваат НАМЕРНО, туку толку се стручни.
Anyway, се најдобро - и покажи заби малку повеќе, нареден пат. Спрема сите.