Све е реду експерте, ама не те научиле ли прво у школо (или си бегал и од класните часови) најосновното...КУЛТУРАТА? Не те научиле ли дека треба прво да се поздравиш и претставиш кога влагаш некаде
Не те научиле ли дека прво треба да го прочиташ упатсвото за употреба пред да почнеш со конзумирање на нештото? Правилата на игра, правилата на однесување во заедница и тн. ? Мислиш дека со вреѓање на луѓе што не ги познаваш (некој можда ти е и професорот по физика, па желба му е детално да елаборираш сите да видат како ги доби тие 5 оми?) ќе се истакнеш иако можда испаѓаш глупав не сваќајќи ја поентата и од претходните дискусии на форумов?
Ова свати го како најдобро намерна критика, извини се за навредите, прочитај ги правилата, поздрави се и претстави се во темата за тоа, претстави го твоето возило, а не прв пост одма може ова и колку пари ... Овде паметните дечки се добредојдени, ама тие што мислат дека се паметни или ги нарушуваат меѓу колегијалните односи НЕ се пожелни.
ОК, човечки е да се греши, уште почовечки да се прашта - еве ти шанса да ги опраиме работите!
Отпорник 50w/5 оми не само што се наоѓа многу лесно туку е ни помалку ни повеќе туку 289,00 ден во Логинг електроникс. Ме чуди како не го знаеш тоа, а си експерт по електроника 10 год.. Најверојатно не си ни видел таков, па не знаеш ни како изгледа и колкави му се димензиите, ни материјалот од кој е направен - аналогно твојата смешна изјава дека се ладеле само активни компоненти, а не и пасивните ...
Очигледно треба да видиш уште многу работи у животот! Поентата на нашите постови не беше во онаа твојана СЕЛСКА метода со паралелно поврзување на LED - от со постоечката сијаличка, иако се слагам дека тоа е најбрзата, најлесната и најефтината метода! Ние овде коментираме и преку коментарите членовите на форумов УЧАТ и се дружат!!! Тоа е целта на форумов. а не омаловажување на другите со цел сопствена афирмација ! Поентата беше и во тоа што т.н. „лажачи“ коштаат 620 ден, па како за дупло поефтино сам да може ова да го изведе секој член на форумов што не е „експерт“ како тебе ! Како и да е, овде застанувам и очекувам од тебе коректен однос и почит према другите...(можда и татко ти е на форумов), во спротивно очекувам ban од Администраторите! Поздрав, фала и пријатно !!!