Автор Тема: Замена на позиција сијалички со диоди  (Прочитано 34534 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Не дека е некаква спектакуларна промена, но добро е да се има во предвид каква промена настанува при замена на класична сијаличка (OSRAM 12V / 5W) со сијаличка изработена од 25 диоди во SMD техника. Разликата е видлива од сликите. Инаку во живо изгледа многу многу побело, одколку вака на слика...Кога сијаличката не е во фарот, свети бело бело, но кога ке се вметне, ефектот е различен. Инаку нивото на јачина на светлина е горе доле исто, односно за нијанса е можеби поизразено она со диодите и тоа во сумрак пред да се вклучат средни светла. Кога се во комбинација со класични средни светла Н4, се добива ефект на прекршување како да има ксенон :)

Вака изгледаат сијаличките:





Слика со класични сијалички:



Споредба на светење: Од лево класична сијаличка а од десната страна LED:



И слика каде што и двете светла се со LED:



Се надевам дека оваа споредба некому ке му биде од корист :)
Поздрав
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #1 на: 05 Јуни 2011, 19:00:09 pm »
Со колку диодички е со 25???


Едит: Не видов... одма се загледав по сликите...

Колку пари се, јас имам со 12 или 15 диоди, комплет 150 денари
« Последно менување: 05 Јуни 2011, 19:15:34 pm RikiRulz »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #2 на: 05 Јуни 2011, 19:07:01 pm »
Рики, многу текст има пишано докторот...Ама некаде таму пиша и колку му се на број, ако добро помнам 16 ќе да беа. Плус можеш да иг изброиш. По колку диодички глеаш на секое светилче, по толку ги има.

Докторе, Убаво дошло ова да фучи, туку јас нема да се согласам дека светлината е иста или приближно иста. Разликата е драстична, да не речам драматична. Бар кај мене истите тие светат бар 2-3 пати појако од класичните осрам Т194 12V/5W. А ако погледнеш на сликите кои си ги приложил ќе забележиш и самиот колку е појако осветлувањето од SMD 25-ките
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #3 на: 05 Јуни 2011, 20:57:01 pm »
Околу целава работа.. ставив и пробав неколку пара сијалички со диоди, ама не од овој тип. пробав од овие:



и од овие:



првите ми рикнаа после неполни 2 недели, поточно едната од нив почна да трепка, и да трепка, и на крај капут...
вторите, откако ги земав, ги стаив, на едната сијаличка, после неполни 10 минути возење почна да трепка едната од 7те диоди... и на крај, рикна и од 7, светеа 6...и беше никакво...

дали е до брендот на сијалици шо ги земав па да не чинат, или како технологија е стандард и вообичаено брзо да прегоруваат?

што е со овие SMD? траат ли подолго? подобри ли се?

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #4 на: 05 Јуни 2011, 20:58:00 pm »
Одлично светат докторе, колку пари се пар сијалички такви и дали има H4 со диоди кај нас?

Иначе горе има напишано дека е со 24 диоди
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #5 на: 05 Јуни 2011, 21:33:05 pm »
6х4+1=25
Од сликите можете да пресметате...Инаку компензација ми се сијаличките, не се погодивме со човекот што ми малерисуваше по дома, па рече ке ми дал сијалички за да не се бунам...
Задњи пут коа гледав овакви слични со 5 диоди беа 350 денари на семафорите у Ѓорче ако добро се сеќавам, но тоа беше пред два месеци. Сега верувам дека цената му е корегирана, но незнам како светат и колку се јаки...Овие до сега добро се држат, а ке видиме како ке тераат понатака...Би требало да се Ок, али како што реков, живи били па видели...
Инаку некој праша што е разликата помеѓу обичните и СМД диодите...Големината е разликата, а квалитетот е во зависност од производителот на истите...Има и друга разлика, односно колку јако светат, колку им е потрошувачката итн...По лик може да се ити но да се со различна вредност во јачината на светење ;)

туку јас нема да се согласам дека светлината е иста или приближно иста. Разликата е драстична, да не речам драматична. Бар кај мене истите тие светат бар 2-3 пати појако од класичните осрам Т194 12V/5W. А ако погледнеш на сликите кои си ги приложил ќе забележиш и самиот колку е појако осветлувањето од SMD 25-ките

Пензионерска работа, видот ме напуштил, што ке правиш...Кога ке дојдеш на мои години и ти така ко мене ке викаш :)
« Последно менување: 05 Јуни 2011, 21:35:07 pm SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #6 на: 05 Јуни 2011, 21:51:32 pm »
да не зеам нешто шкарт пак... ако знаете препорачајте од каде да зеам нешто вакво, ама фино...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #7 на: 05 Јуни 2011, 22:42:23 pm »
Еве ги у кола, ке ги возам па ке видиме до кога ке траат. Ако има некакви промени или аномалии ке пријавам...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #8 на: 06 Јуни 2011, 11:32:26 am »
Каде има вакви сијалички? Кажете да одам да земам за Спаркот плс.
Казан, може да одиме заедно да земеме и ќе ги пробаме. Или јас да ги ставам па да видиш дали ти се бендисуваат.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #9 на: 06 Јуни 2011, 11:38:52 am »
конкретно вакви видов пред 3-4 дена коа бев у карнер, да си ги зеам патосниците... за светење се гледа дека многу подобро свети, само муабетов ми е да не испадне ко другите шо ги зимав, да прегорат доста брзо... еве SaleSK ќе пренесе импресии, ако е се у ред, идеме и зиаме ! :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #10 на: 06 Јуни 2011, 11:40:38 am »
Карнер е тоа Кар Корнер уствари?
Колку пари се? Што ќе му ја мислиме, идеме и зимаме. Па ако те бендисуваат земи и за тебе...

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #11 на: 06 Јуни 2011, 11:41:58 am »
тоа е... не ме фаќај за збор... беа некаде околу 400 - 500 денари... не знам баш точно... нека дојде четврток, плата да зеам...и идеме ! :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #12 на: 06 Јуни 2011, 11:45:04 am »
Ок. Мислев денес да те терам ама ќе те чекам до Четврток па ќе идеме заедно.
Јас од Карнер земав сијалици Osram Nightbreaker а ќе земам во четврток и магленки.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #13 на: 06 Јуни 2011, 11:49:59 am »
абе ако идеш ти, не ме чекај мене ако ти се брза...иди заврши си работа, па таман ќе видам шо е и како е.... ќе идеме у четврток пак... :P

земав и јас и Osram COOL BLUE и NIGHTBREAKER, само ниту тие, ниту тие ми даваа баш онаква сина нијанса... па земав Philips Crystal Vision... за јачина на светлина се некаде како COOL BLUE, малце послаби од NIGHTBREAKER, ама го имаат баш оноа шо го барав...  :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Замена на позиција сијалички со диоди
« Одговори #14 на: 06 Јуни 2011, 11:52:08 am »
Нема проблем, ќе те причекам. Не ми се брза. ЈАс во принцип и не сакав да одат на сино. Сакав бело и баш бело добив со Најтбрејкерсите.