Не, не очекувам да е чиста.
Али очекувам дека луѓето еволуирале над свињите, и кога има видливи кафеави наслаги по воланот, ќе забришат. Односно, нема да дозволат да стигне до тоа.
А да не претеруваш малце со изјавиве? И ти, и оној со "свашта пичка раѓа", само поради вашите лични сфаќања и "нормативи" за како мора да изгледа внатрешноста на една кола?
Олабавете малце со расфрлање со такви "епитети".
Моето сфаќање, и моите нормативи и стандарди ги применувам кај мене во кола. Нејсе, нити е мојата кола секогаш идеално чиста, нити пак имам време цело време да ја одржувам чиста.
Ама ете, до сега ми прошле низ раце неколку коли што сум ги сметал за „мои“, и во ниту една до сега не се случило на воланот да има видлив слој нечистотија, и тоа не праиме муабет за нечистотија од типот прашина. Праиме муабет за нечистотија од типот закоравена комбинација од пот, кал, остатоци од кожа и други одвратни работи.
Еве како изгледа кога (претпоставувам) ќе му се нанесе на тоа малку средство за чистење.
Не, ова не е прифатливо. Ова не е нормално. Без разлика на тоа за што се користи и како се користи колата, јас не знам за ниту еден човек што би прифатил да вози ваква кола.
Ок, сфаќам дека не му на секој приоритет да му е колата чиста, не е пицајзла секој и се тоа. Ама малку од малку барем, ја не знам како не се осеќа прво непријатно да се вози во таква кола, абе ова е кочина луѓе, ма и во кочина е почисто. Не мора да ја праи аптека внатре, земи едни влажни марамчиња забриши на семафор ако немаш толку време да идеш по перални да го еам...
Тоа е тоа. Ништо повеќе.