Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 153204 пати)

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7206
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #645 на: 22 Април 2026, 13:10:34 pm »
Ова иди како, сметките исто коштаа во 1 година со или без фотоволтаици, само шо евн ја продава твојата струја, и ти дава мал дел од ќарот, или не?

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 914
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #646 на: 22 Април 2026, 13:17:52 pm »
Вратени пари, ти се пари од ЕВН што ти вратиле?
Да
Со соодветни батерии би требало повратокот на пари да е поголем или не е баш така?
би сакал да видам практично искуство и јас
Ова иди како, сметките исто коштаа во 1 година со или без фотоволтаици, само шо евн ја продава твојата струја, и ти дава мал дел од ќарот, или не?


Така некако

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #647 на: 22 Април 2026, 14:01:45 pm »
Јас сум така да речам расчитан  на темата и тука и во околината. Нема никаква логика да плаќаш прво еден куп пари за двонасочно броило, струјата не ја складираш никаде(глупост од епски пропорции), државата не ти ја откупува, му ја даваш за безпари, ти ја враќа назад со триста полемики наплатени на сметката, покрај овие триста шо никој не ги разбира за пренос менос, и за ова ќе кмаш додатни.
Го барав видеото од еден србин ама неможам да го најдам. Најпаметно е кога веќе имаш пристап до струја и имаш броило, да си го наместиш соларното спрема потребите за потрошувачка и соодветно за тоа да си земиш батеррии, за барем 1-2 дена самостојност.
Контролерите за домаќинствата имаат опција да го местиш, вишокот на струја да ја враќа во мрежата, да ка складира во батерии ИЛИ хибрид опција,кога ќе се намали складираната струја, е тогаш да цицне од мрежата струја.
Така ти е најисплатливо не плаќаш за двојно броило, не се заебаваш со триата дозволи и процедури оти не враќаш струја во мрежата, обичен потрошач си.Имаш и автономија ако снема струја, со нивниот систем ако снема, немаш батерии, немаш струја. Плус си максимум време автономен, рачунај и по еве 20-30 години од 100 на 70% ако деградирале панелите и барериите, никому ништо.
Претходно или не си цицал од мрежата или си цицал две три пива месечно, сеа ќе ти бидат 5.
Барав конкретни податоци, со ова не ми помогна баш. Ако има некој пресметка,со бројки,би сакал да слушнам
Очигледно не зборав глупости минатата година. Уште и се надеваше дека ќе си ги повратиш средствата за 4.5 години.
Мала мискалкулација, за 25-30 ќе си ги повратиш.
Да не се врзуваше преку ЕВН,туку самостојно со батерии, ќе заштедеше и на броилото и поголемиот дел од сметките ќе ти беа 420 денари задолжителни  давачки за пренос и улично итн, за некои ќе потплатеше по некој денар, највисоките сметки ќе ти беа максимум една третина  од највисоките моментално.

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 914
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #648 на: 22 Април 2026, 15:29:14 pm »
Барав да слушнам за конкретни случаи од луѓе што веќе монтирале т.е. паталци, никој не се пријави. Ова што го споделив е токму тоа, реален случај, кој се надевам ќе послужи на некој друг.

За со батериите, фала на мислењето, пак е хипотеза

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4586
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #649 на: 22 Април 2026, 18:43:05 pm »
Ако би ти било од корист, можат да ти споделам проекции што ми правеа кога собирав понуди за кај мене за фотоволтаици (14 комада) и батерија од кај 5 до 7 kWh отприлика. Со тоа што во Македонија има повеќе сончеви часови отколу во Германија, па нема да е доволно прецизно за твои калкулации. Математиката беше дека за најмалце 12-13 години би ја вратил инвестицијата, што за мене е многу за фотоволтаици, те батеријата, која најчесто ќе трае 10-15 години (имаат деклариран број на циклуси на полнење/празнење, иако никогаш не се празни скроз и не се полни скроз). Една фирма даваше 20 или 25 год гаранција на све, ама беше прилично поскапо.