Го набавивме, отприлика некои 6 месеца откако ја купивме куќата.
Имав собрано неколку понуди, дојдоа луѓе од неколку фирми на лице место, да видат што е, како е... Ги споредивме понудите, што и како се добива за колку пари, и се одлучивме за фирма од Münster да биде изведувач.
Панелите се Soluxtec, системот, изменувачот и батериите (2х 3 KW) се Q.Cells.
Сѐ на сѐ, процесот си тераше супер, иако првично беа доставени погрешни панели, ама ги донесоа вистинските уште истиот ден, па монтажата малце каснеше, ама ништо страшно. Првин ги монтираа носачите и панелите, па отприлика месец покасно изменувачот и батериите. Системот почна да произведува чинам почеток на мај 2023, а од јуни 2023 беше веќе официјално во мрежа.
Монтерите ни учинија услуга сателитската да ја преместат на другата страна од кровот, за да можеме таму, повисоко на кровот да ставиме панели, наместо да ставаме пониско (би биле по-не-ефикасни) само поради антената. Така да, испадна таман да си легне све како што треба.