Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115774 пати)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #480 на: 08 Февруари 2022, 20:45:54 pm »
Толку колку што ќе ги најдам за пари кога ќе ми протече кровот над мене ќе ги најдам и за согласност за поставување панели. ;)

Ова ти звучеше како станарите од приземје. Не плаќам светло и лифт, не ми е темно, и високо.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #481 на: 08 Февруари 2022, 22:44:14 pm »
Баш напротив, муабетот ми е дека колективното живеење во зграда си носи и одредени одговорности према останатите станари и зградата како објект, како што е плаќање на месечен надомест за лифт и струја, подмирување на трошоци за одржување, настанато оштетување дури и кога не си директно засегнат (како што е протекување на кров). Ептен сум против таквите "живеам на први не ми треба лифт" ликови.

Но знаејќи го менталитетот овде (и прилагодувајќи се на истиот) ќе продолжам редовно да си плаќам трошоци за одржување, струја, резервен фонд - ама што ќе барам согласност за монтажа на панели на кровот над мене тешко - особено што нема заеднички простор во случајот, кровот е со гипс преграден. Да кревам спрат уште еден над мене е веќе друга работа и би се сложил дека за тоа освен согласност од станари треба и дозвола за градба.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #482 на: 09 Февруари 2022, 09:36:49 am »
Па токму тоа е кај нас пародијата.

За нешто што ми е над глава, да барам 51% потписи, а ако ми протече од кровот, треба да барам од куќен совет да ми го плати?
Нелогични работи.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #483 на: 09 Февруари 2022, 09:40:03 am »
Па токму тоа е кај нас пародијата.

За нешто што ми е над глава, да барам 51% потписи, а ако ми протече од кровот, треба да барам од куќен совет да ми го плати?
Нелогични работи.
Ако ти протече од кровот треба да ти се плати од резервен фонд. За дозвола верувам дека треба, немам читано. Кровот е заеднички, и не значи дека ако е над тебе дека ти имаш право на него како да е твој.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #484 на: 09 Февруари 2022, 09:41:34 am »
Абе така си е. Така треба да биди ако веќе треба да барам 51% од станарите.

Ама кога ќе има проблем, јас глава сечам дека на куќен совет сите ќе си го тргаат газот.

Ние за какви работи се расправаме на куќен совет, па тек да кажам дека треба да ми санираат над глава.

Тоа е муабетот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #485 на: 09 Февруари 2022, 09:44:10 am »
Знам како е. Ама нема ти што да се расправаш со куќен совет, ако имате фирма за одржување. Се обраќаш до нив и нема што да одлучуваат станарите кога треба да се санира нешто кое причинува штета на тебе или на друг. Во законот за домување го пишува ова, кога ќе имаш време прочитај го, спреми си ги членовите кои те засегаат дека си најгоре и голема е можноста да протече кровот. Мислам дека нема зграда во делот кај што живееш, и јас кај што живеев што не протече од кровот. :)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #486 на: 09 Февруари 2022, 09:44:18 am »
Порано беше заебавање кој за чистач не плаќа кој за лифт итн..Реално сеа колку и да ги кудам овие со фирмите за одржување дека за пари земање се само, имаме резервен фонд секој си плаќа нема бегање ќе го затрупаат со сметки па нека се брка со судови/извршители тој шо неќи да плати.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #487 на: 09 Февруари 2022, 09:53:36 am »
Знам како е. Ама нема ти што да се расправаш со куќен совет, ако имате фирма за одржување. Се обраќаш до нив и нема што да одлучуваат станарите кога треба да се санира нешто кое причинува штета на тебе или на друг. Во законот за домување го пишува ова, кога ќе имаш време прочитај го, спреми си ги членовите кои те засегаат дека си најгоре и голема е можноста да протече кровот. Мислам дека нема зграда во делот кај што живееш, и јас кај што живеев што не протече од кровот. :)

Со фирма сме, ама секој поголем зафат е колење бесење. Фирмата мора да има согласност од 51% од станарите.

За среќа сеа за сеа тие што доаѓаме на КС сме разбрани и решаваме како што треба ама добар процент што за се се бунат. 

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #488 на: 09 Февруари 2022, 09:57:49 am »
Едно е зафат за нешто да подобрите, друго е кога има проблем како течење кров, пукната цевка и слично.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #489 на: 09 Февруари 2022, 12:33:33 pm »
Па токму тоа е кај нас пародијата.

За нешто што ми е над глава, да барам 51% потписи, а ако ми протече од кровот, треба да барам од куќен совет да ми го плати?
Нелогични работи.

Тоа е тој ризик кога се купува стан на последен кат. Слично е со ризикот од расипување на лифт.
Затоа во Мк тие станови никој не ги купуваше и беа поевтини.

На крај краева, ако ти протечи ќе си го направиш и ќе ти должи зградата. Наредните 20 години ќе бидиш во претплата за одржување.
 ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #490 на: 09 Февруари 2022, 13:45:59 pm »
Јас сепак пре би на последен спрат. Во Битола сум на средина. Од горе да ти лупа некој, одоздола да ти вика некој ,... со ваков рает не се споредува :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #491 на: 09 Февруари 2022, 15:34:11 pm »
Јас би одбрал на предпоследен кат.

Ама ако избирам помеѓу приземје и поткровје - поткровје.

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #492 на: 09 Февруари 2022, 22:09:12 pm »
Во врска со каменот во скопската вода сакам да споделам сопствено искуство. Имено пред 10 год.  ставив " Магнетен омекнувач" . Тоа е како обичен прстенасто цевче " муф" кое јас го монтирав веднаш после водомерот. Имам проточен бојлер кој за 10 год.  нема покажано никаков проблем предизвикан од каменецот. За пример предходно филтрите на чешмите ги чистев барем 4 пати годишно, тоалетното казанче исто а за обичниот бојлер да не ви кажувам. Побарајте на НЕТ. податоци и повеќе информации за Магнетен омекнувач, јас Ви го препорачувам. Поздрав.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #493 на: 09 Февруари 2022, 22:30:23 pm »
Во врска со каменот во скопската вода сакам да споделам сопствено искуство. Имено пред 10 год.  ставив " Магнетен омекнувач" . Тоа е како обичен прстенасто цевче " муф" кое јас го монтирав веднаш после водомерот. Имам проточен бојлер кој за 10 год.  нема покажано никаков проблем предизвикан од каменецот. За пример предходно филтрите на чешмите ги чистев барем 4 пати годишно, тоалетното казанче исто а за обичниот бојлер да не ви кажувам. Побарајте на НЕТ. податоци и повеќе информации за Магнетен омекнувач, јас Ви го препорачувам. Поздрав.
Ти си имал нешто друго освен камен во скопската вода чим казанче си чистел 4 пати годишно, а за обичниот бојлер да не ти кажувам :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #494 на: 10 Февруари 2022, 07:00:54 am »
Знам како е. Ама нема ти што да се расправаш со куќен совет, ако имате фирма за одржување. Се обраќаш до нив и нема што да одлучуваат станарите кога треба да се санира нешто кое причинува штета на тебе или на друг. Во законот за домување го пишува ова, кога ќе имаш време прочитај го, спреми си ги членовите кои те засегаат дека си најгоре и голема е можноста да протече кровот. Мислам дека нема зграда во делот кај што живееш, и јас кај што живеев што не протече од кровот. :)

Со фирма сме, ама секој поголем зафат е колење бесење. Фирмата мора да има согласност од 51% од станарите.

За среќа сеа за сеа тие што доаѓаме на КС сме разбрани и решаваме како што треба ама добар процент што за се се бунат.
Има фирми вршат санација и потоа на извршител ги даваат тие што не сакаат да платат. Прават опција и на рати за тие што дакаат да платат но не се толку моќни. Не може ти да си заложник на некој што не е засегнат и да ти тече дома со месеци. Регулирани се работите до некаде, само ние не сакаме да си правиме кавги со комшиите па толерираме безобразлук и повеќе од што треба.


Sent from my iPhone using Tapatalk