Прашање за вас професионалци или полу-професионалци.
Ја носиш колата на полирање, бојата е тек-тук оштетена ама после полирање изгледа све супер ништо не се познава.
Дали и за колку време се врака у првобитна состојба ?
Колку често се препорачува да ја полираш ?
Дали се отклонети оштетувањата или се само маскирани со восоци и коутинзи?
Колку километри поминуваш годишно? Гаража имаш? Живееш во Скопје, или живееш во Маврово? Переш на четки и со сосгас у локланата перална со сунѓерот и четката, или со специјални PH неутрални средства, микрофибери и внимание?
Јас колата ја возам (речиси) секојдневно, во Скопје, ја чувам на отворено, незаштитена, перам кај што мислам дека најдобро перат, и би ја носел на 6 месеци кај Даме, ама не можам, па компензирам еднаш годишно кај Даме, и неколку пати дома колку знам и умемам...
Јас немам толку одговори колку што има прашања тука зашо не се разбирам многу, читам сеа по форумов чуда и магии за чистење, цел живот јас сум перел или у двор со сјај и четка/сунгер (изваден од табуретка некоја) или у најблиската перална. Пред неколку недели ја имам остаено кај Веро Јамбо и прв пат си реков дека не е сеедно кај ја носиш и како ја переш... Може не се добри и тие ама споредено со мојот сунгер и сјај кај кај подобро. Како што можете да заклулчите не обрнувам внимание на естетско одржување. Ама од пред некој месец ја сменив колата и сеа оваа ми праи мерак и ке ја сакам повеќе.
Не се оштетувања некој маскирани се грепки мали ама коа ја земав не ги имав приметено како да ми се појавија после перење ги забележував, имам полу-гаража (само од горе е покриена) перам да сјајот у кофа и ПХ индикатор имам обавезно мерам...
Значи како што можам да разберам полирање еднаш годишно не е проблем ? Неправи штета на бојата или шо знам јас, незнам како работат полир пастите...