Дали orange peel може да се среди со полирање?
На колата демек бил оштетен лакот на повеќе места, па поради тоа бил "исшлајфан" лакот и потоа лакирана цела кола. Едната страна беше и шприцана и таму најмногу се познаваше orange peel-от. Се познаваше дека секаде е нанесуван лак наново, а најмнгоу каде што затвараат вратите се чуствуваше како прелаз од рапаво (лакираното) кон мазно (внатрешниот дел кој не бил лакиран повторно).
После тоа колата била еднаш полирана според муабетот од газдата.
Според тоа што го имате пишувано овде, бмв имаат керамички лак кој тешко се полира, а со тоа претпоставувам и дека потешко се оштетува. Што би можело да биди причината лакот на колата да се оштети до таа мера да ја лакираат колата наново? Според геометријата не беше тумбана и не отстапуваше воопшто при проверка на компјутерот за центрирање.
Мене ме интересира дали прелазите рапаво-мазно и orange peel-от можат да се средат со полирање и да не се познава сето тоа? Станува збор за бмв е60 сребрена боја.