Вака се работи за нова кола, црна боја металик, цивик 2010 модел, и логично е ако ми ја полираат предната врата, задната ке двои... А за која станица, несакам да испаднам кодош или слично а ги користев услугите на ПСС Зајчев рид 2 години. Оваа година добија нова машина што пере странично (подобро), пере од доле (подобро) , и има четки за бандажите. Е сега цело лето, машината од време на време сензорот за бандажи промашуваше и одеше на вратите наместо на бандажите, но не оставаше никакви гребаници-флеки. Овој месец, највероватно дека е ладно, и се покрути, во саботата околу 12 саатот се случи тоа. Ми кажаа дека и на новите Seat се случувало тоа, но немало никакви последици.