Автор Тема: Полирање на возила  (Прочитано 804436 пати)

Отсутен shelby

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4845 на: 01 Октомври 2024, 20:29:02 pm »
Кои се буџет производи за полирање на постаро возило?

Дали е најдобро да се купи ДА полирка и да се засукаат ракави со нешто како Turtle Wax? Или да се остави на професионалец за полирање?

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4846 на: 01 Октомври 2024, 22:40:54 pm »
Пошо потенцира постаро возило, јас пред да направам било што би се консултирал со професионалец за моменталната состојба на лакот и бојата. Ако се премногу оштетени или ако немаш доволно дебел слој, не би ја чепкал воопшто. Ако имат доволно дебел слој лак и е во солидна состојба, можда и би се пробал со DA и некој 2-во-1 или 3-во-1 систем. 

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4847 на: 01 Октомври 2024, 22:49:26 pm »
Астрата ќе оди на полирање кај ТЕ-ЕН после празникот, па ми препорача максимум 2 step корекција на лакот бидејќи е постаро возило. Многу е важна проценката за дебелина на лакот, а тоа најдобро се прави со уред.

Отсутен Dejan Gj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4848 на: 15 Октомври 2024, 20:46:00 pm »
Празник за очи  ;D

https://www.youtube.com/watch?v=tBZGiwro1V4

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4849 на: 18 Октомври 2024, 08:45:58 am »
Препорачајте МФ крпи за нанесување и пребришување spray wax. Дали оваа крпа е добра?
https://carwash.mk/PolishingCloth

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 418
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4850 на: 18 Октомври 2024, 09:34:15 am »
Никогаш немат да прекинам да ги препорачвам ArmorAll All Purpose Cloth. Ги имаш на Лукоил за 165-170 денари парче.

Алтернативно, Labocosmetica Panno Multitowel сет, иако ArmorAll се малку подобри од мое искуство.

https://carwash.mk/category-vcistenje/multitowel


Отсутен Dejan Gj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4851 на: 18 Октомври 2024, 15:23:13 pm »
Квалитетна микрофибер крпа, made in Korea

https://www.autopro.mk/detali-za-proizvod/2164/2face-mf-320gsm/



Препорачајте МФ крпи за нанесување и пребришување spray wax. Дали оваа крпа е добра?
https://carwash.mk/PolishingCloth

Отсутен Tanevski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4852 на: 19 Ноември 2024, 10:06:29 am »
Момци, пробал некој од ова средствово?
Некоја "домашна хемикалија" изработка од Битола, ги светнува колите.  ;D

https://www.facebook.com/share/1CkrEVsodD/?mibextid=LQQJ4d

Слушнав дека е околу 1200 денари, 100мл со се достава.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
  • Macedonia
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4853 на: 19 Ноември 2024, 11:25:56 am »
Ми има излегувано како реклама на ФБ и сум го разгледал ова. Ми се чини дека е некое средство од Алиекспрес, а не домашна хемија изработена во Битола. Луѓето во коментари се задоволни и го фалат, ама тоа не го прави многу ефикасно или долготрајно кога и многу не знаеме за спецификациите на производот.
Некој ако е запознаен или го користел нека каже мислење.

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4854 на: 19 Ноември 2024, 11:29:13 am »
Толку често ми се појавуваше како спонзориран пост, што го блокирав.
Јас искрено, ова не би го пробал. Не ми се ризикува ама ако некој има искуство нека сподели.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5492
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4855 на: 19 Ноември 2024, 14:07:55 pm »
Човекот што го рекламира е неписмен во најмала рака спрема самите коментари низ тие видеата, која изработка побогу.
Ама има прост народ колку сакаш, сало да паковаш да продаваш да го мачкаат на кола за да ја "кристализираат" ќе ти упали на фејсбук.
Американците користат вакви глупости за шлакање на бојата да ти "сјај/кристализираш", има едно се вика Shine Juice, уствари е фирнајс со уште некоја глупост внатре.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Dejan Gj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4856 на: 19 Ноември 2024, 14:45:26 pm »
Не постои магично средство, во еден потег припрема, полираш, заштитуваш, одржуваш, трајност, многу е мало шишенцето да ги собере сите овие хахахахах, цела индустрија вака паѓа во вода.

Отсутен Tanevski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4857 на: 19 Ноември 2024, 15:33:05 pm »
Човекот што го рекламира е неписмен во најмала рака спрема самите коментари низ тие видеата, која изработка побогу.
Ама има прост народ колку сакаш, сало да паковаш да продаваш да го мачкаат на кола за да ја "кристализираат" ќе ти упали на фејсбук.
Американците користат вакви глупости за шлакање на бојата да ти "сјај/кристализираш", има едно се вика Shine Juice, уствари е фирнајс со уште некоја глупост внатре.
Ќе кажев истото, некако чудно пишува/изразува ;D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6804
  • French diamond
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4858 на: 19 Ноември 2024, 16:28:04 pm »
Која будала со основно познавање би дозволил на валкана кола,  цела со прашина, некој да трие на бојата со било кое средство, тој можи  слободно да си го купи  :D