Колку време е препорачливо да се чека после фарбање за да се полира лакот? Најверојатно е мек и знам дека 30-90 дена (зависи од лакот) не смее да се ставаат силанти, восоци, итн. Те-ен ми рече после 7 месеци може да ја носам да ја полира, ама мене не ми се чека толку, а во меѓувреме не сакав да го прашувам, бидејќи му станав досаден со моите глупави прашања и немање врска околу полирање. Ако може некој да разјасни би било супер.
П.С кај автолакерот кај кој учев занает колите ги полиравме по 1-2 дена после фарбање за да се изедначи лакот (ако стариот фабрички е ко кора од портокал да не биде новиот различен), ги поминувавме во 2 фази (ако е добар лак може да сњ почне со 1500 градација). Само толку знам.