Автор Тема: Полирање на возила  (Прочитано 905691 пати)

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4635 на: 30 Август 2021, 20:48:26 pm »
Машински другар, рачно ке требаше викенд цел. Стаклените површини ги поминав со Mr. fix, Fusso-то несака стакла и пластики.
« Последно менување: 30 Август 2021, 20:54:56 pm Vladeee »
>>>>><<<<<

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4636 на: 03 Септември 2021, 01:57:22 am »
Денеска го утепав цел ден на полирање... За грубо (cut) ми требаше добри 5/6 часа... Да имав и ротациона верувам дека ќе можев за дупло побрзо да средам..
Полири користев од zvizzer 4000 и 2000.. Сунѓер тврд, мек и волна..
Полирката е kzubr 500w 16mm ексцентар 125мм диск..
За заштита користев некој восок од моје ауто.. Го најдов на бензиска ваљда ќе брка работа некое време..

Од резултатот и со оглед на тоа што првпат пробувам малку посериозно сум презадоволен, круговите изчезнаа 80тина%, гребнатинките исто скоро сите ги снема.. Некаде користев сунѓер некаде волна, со сунѓерот некако позгодно ми беше за работа...

Е сега не ми е јасно (помош од некој?) само со финиот полир, јас не гледам никаква разлика кај што сум поминал и кај не... Можда и малку брзав али незнам.. Дали е до сивата боја па не се приметува или ? ..

Еве и неколку слики..






Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4637 на: 03 Септември 2021, 11:04:23 am »
Добар резултат имаш.
Се познава на сликата каде имаш сликано со блиц. На првата слика се познаваат тие линиите околу светлото, на втората не.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4638 на: 03 Септември 2021, 14:32:49 pm »
@Бузуки сунѓерите како? гледам едниот партал. добро сработено само мој совет стави уште сега преку "моје ауто", нешто поквалитетно за заштита инаку џабе сиот труд. земи на желката или сонакс некое.

Инаку на твоето прашање многу е битно каков сунѓер си користел за нанесување на последниот слој, битно ти да си задоволен.
>>>>><<<<<

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4639 на: 03 Септември 2021, 16:00:07 pm »
За сунѓерите незнам што да кажам пошто немам искуство толку, јас работев со zvizzer-от.. со тие обичните кинески многу полесно е за работа али нема добар резултат, меки се некако и не го вжештува лакот па нема ни добар cut.. 

Последниот слој го завршував со средно мек сунѓер..

Добар резултат имаш.
Се познава на сликата каде имаш сликано со блиц. На првата слика се познаваат тие линиите околу светлото, на втората не.
да, намерно е сликано кај што е поминато и кај што не е... На некои места не се замарав толку многу, најбитно хаубата кровот и гепекот да се топ..

Отсутен mbenz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4640 на: 13 Септември 2021, 12:44:22 pm »
Здраво,

Добив интересна понуда од https://www.titanium.rs (имаат и јутјуб канал: https://www.youtube.com/c/TitaniumBeograd), а имам периодов одење до Белград и размислувам да ја полирам колата кај нив. Ги разгледав ривјуата што ги имаат корисниците оставено и воглавно сите беа позитивни.

Ме интересира кој е вашиот став за XPEL FUSION PLUS ќерамиката? Видов дека таа ја користат па затоа прашувам.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4641 на: 13 Септември 2021, 13:13:30 pm »
Повеќе сум за Порцеланоса ќерамика.
Прашај си за понуди кај нашиве детајлери, можеби подобра понуда ќе добиеш, а Бг место по детајлери шетај по сплавови :D

Отсутен mbenz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4642 на: 13 Септември 2021, 13:51:00 pm »
Повеќе сум за Порцеланоса ќерамика.

Може да ми објасниш подетално за производот, затоа што не сум запознаен точно со брендовите :D

Ако ја носам кај нас, многу позитивни мислења прочитав за Даме на форумов, а солидни ми изгледаат и https://www.facebook.com/carpro.detailing.9, па ќе видам.

Опција е и кај нас кај некој да ја однесам. Единствено нешто што ми недостасува кај луѓево што се кај нас што работат детајлинг е ривјуа од корисници. Мислам дека тоа многу значи и дека треба да собираат фидбек некако, затоа што за некого задоволните корисници се предзнак за квалитетот којшто го нуди детајлерот.

Исто нешто што мн е важно и се обидувам да најдам фидбек/совети по интернет е дали може да се направи штета.
Пример, сега колата кога ќе ја исперам има сјај, единствено што не ми се допаѓа се холограмите и ситните оштетувања на лакот. Знам дека со керамиката ќе го постигнам тоа (сјај), но што се случува после некое време кога поради надворешните влијанија и перења на возилот ќе биде отстранета керамиката? Во која состојба ќе е тогаш лакот? Дали колата ќе го има истиот сјај како пред да биде полирана или бојата ќе биде малце како матирана (што сум слушнал дека понекогаш се случува)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4643 на: 13 Септември 2021, 14:09:08 pm »
Е за тоа најдобро ти е да се слушнеш со Даме или еве полесно да ти е @dame . Имаш интернет и јутуб, читни, разгледај видеа итн.

Керамика не е за секого си треба грижа после тоа огромна, а и секој не може да си приушти. Така да види тебе дали ќе ти одговара вложено/добиено. Земи две-три мислења и понуди и види што се нуди. Плус не знам дали знаеш ама колата ќе треба да ја оставиш кај детајлерот ден,два,три зависи што ти прави. И тој логистички проблем да го имаш на ум.

Така да додека сам во живо не се слушнеш со некој детајлер, било кој нека е, и додека не размените мислења и очекувања, друго и да ти пишеме џабе ќе биде.


Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1016
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4644 на: 13 Септември 2021, 18:02:37 pm »
>Пример, сега колата кога ќе ја исперам има сјај, единствено што не ми се допаѓа се холограмите и ситните оштетувања на лакот. Знам дека со керамиката ќе го постигнам тоа (сјај),

Керамиката е само заштита исто како восок или sealant само подолготрајна. Сјајот доаѓа од мазната површина односно од полирање на лакот.

>но што се случува после некое време кога поради надворешните влијанија и перења на возилот ќе биде отстранета керамиката?

Ќе нема "заштита" лакот, ама ако нема оштетувања визуелно нема разлика дали е со или без керамика.

> Во која состојба ќе е тогаш лакот?

Во добра состојба

>Дали колата ќе го има истиот сјај како пред да биде полирана или бојата ќе биде малце како матирана (што сум слушнал дека понекогаш се случува)

Керамиката или било која друга заштита не би го матирала лакот.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3226
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4645 на: 13 Септември 2021, 20:18:24 pm »
@mbenz mojata strana na fb e Hemisko I Poliranje Na Vozila  istoto mozes da go pises i na google i ke vidis i sliki i ocenki za mojata rabota  ,no mozes i da pomines so voziloto pa ke ti objasnam sto kako
« Последно менување: 13 Септември 2021, 20:39:38 pm dame »

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3960
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4646 на: 13 Септември 2021, 20:25:26 pm »
Повеќе сум за Порцеланоса ќерамика.

Може да ми објасниш подетално за производот, затоа што не сум запознаен точно со брендовите :D

Ако ја носам кај нас, многу позитивни мислења прочитав за Даме на форумов, а солидни ми изгледаат и https://www.facebook.com/carpro.detailing.9, па ќе видам.

Опција е и кај нас кај некој да ја однесам. Единствено нешто што ми недостасува кај луѓево што се кај нас што работат детајлинг е ривјуа од корисници. Мислам дека тоа многу значи и дека треба да собираат фидбек некако, затоа што за некого задоволните корисници се предзнак за квалитетот којшто го нуди детајлерот.

Исто нешто што мн е важно и се обидувам да најдам фидбек/совети по интернет е дали може да се направи штета.
Пример, сега колата кога ќе ја исперам има сјај, единствено што не ми се допаѓа се холограмите и ситните оштетувања на лакот. Знам дека со керамиката ќе го постигнам тоа (сјај), но што се случува после некое време кога поради надворешните влијанија и перења на возилот ќе биде отстранета керамиката? Во која состојба ќе е тогаш лакот? Дали колата ќе го има истиот сјај како пред да биде полирана или бојата ќе биде малце како матирана (што сум слушнал дека понекогаш се случува)

Керамиката помага до некаде но не очекувај чуда. Ако сакаш ептен добра заштита од било какви надворешни влијанија тогаш размисли за "PPF" односно безбојна фолија врз површините што сакаш да ги заштитиш. Знам дека е многу скапа како за наше разбирање на парите, тка да распрашај се види тоа ако веќе сакаш ептен долготрајна заштита на лакот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен mbenz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4647 на: 15 Септември 2021, 10:12:50 am »
Ќе гледам да отидам до кај @dame да ја погледне и да даде мислење :)
@dame која керамика ја користиш ти?

Еден дечко што работи детајлинг ми спомна дека ја користи zvizzer, кое е вашето мислење за таа керамика?

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 678
  • Pixel Perfect.
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4648 на: 15 Септември 2021, 11:08:39 am »
@mbenz
Колку ти е буџетот за керамичка заштита? Ако ти е одврзано ќесето подобро од CarPro кај нас нема. https://carpro.global/catalog/cq-uk-3-0/

Мојата ја полирав во Јуни и ја мачкавме со Sonax CC One. Не држи многу прашина и досега цело лето ја прскам само со вода по пералните (скоро сите користат активни пени со Ph 10-11) да ѝ падне прашината, така да нема потреба од ракавица. Ќе видам зимата со снеговите и калта како ќе се понаша заштитата. Вака досега нема никакви микро гребнатинки од перење ниту "пајажини".

Лани многу се замарав со перење секоја недела и восоци секакви и на крај колата со пајажини. Овака со керамикава миењето ми е сведено на лабаво со мачето без стресови, испрскај 5 минути со вода и повлечи две-три раце од горе со микрофибер крпа.

Ако некој сака да ти ја изгреба колата, никаква керамика не помага, така да фокусирај се на микро гребнатинки и пајажини, особено од перење/бришење.

Отсутен Dejan Gj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 411
Одг: Полирање на возила
« Одговори #4649 на: 15 Септември 2021, 11:34:14 am »
Здраво
Не е до ќесето, carpro не е најскапа керамика кај нас, иако котира помеѓу првите места во светот, произведена во Кореја каде се пионерите за керамика.
На веб страната ги има керамиките со цени па направете споредба, ги нема само на професионалните за лиценцирани детејлери.