Никој не се родил учен. Ја го охрабрувам секој што сака да научи занает, посебно оние кои даваат знаци дека имаат желба. Желба за детајлинг имам и јас, но со склоп на околности неможам да си ја остварам, барем за сега.
@NNN детајлингот е наука и сака да си се посветиш максимално, како и за се друго, не ти го кажувам ова да те оттргнам од она што сакаш да го правиш, туку да ти посочам во што влагаш. Секој почеток е тежок, но ако идеш чекор по чекор се надевам дека ќе успееш.
Еве за случајов конкретно што праша, јас како лаик да те потпрашам:
Дали го измери лакот пред да го стругаш?
Дали мислиш дека градација на шмиргла од 2000ка е толку фина или спротивно, толку груба во случајов кај тебе?
Дали предходно си користел од истата полир паста и ти дала подобри/полоши резултати? Итн итн...
На форумов има доста спремни дечки за темава од кои можеш доста да научиш. Со среќа во праксата понатака
