Пред некое време прашував за совет за кој полир и восок да ги набавам за моето возило, но не наидов на некоја соработка од аматерските корисници, па решив сам да скокнам во оган и на своја кожа да искусам кој производ ми одговара.
За моето возило си купив Sonax XTREME Polish & Wax 3 за полирање и Sonax XTREME Brilliant Wax 1 за восочна заштита по полирањето.
Бидејќи потрошив повеќе пари од што требаше, немам за глина и ќе користам еден "ghetto" начин на деконтаминирање на боја - со алкохолен раствор кој беше објаснет во една тема во Естетско одржување (ј*бига) 
Ќе видиме што ќе биде. 
Како што и реков, така и направив со мала измена: начекав поголема количина на 96% алкохол, па бришев со концентрат, значително повеќе ѓубре излезе од лакот за разлика од разреден алкохол.
Постапката одеше вака:
- пребришување на површината со алкохол, чекање да се исуши;
- рачно полирање со Sonax Polish & Wax 3, најагресивниот полир од колекцијата;
- пребришување на полирот со сува крпа
- нанесување на Sonax Brilliant Wax 1, восок без никаков полир
- пребришување на восокот.
Едно сличе од beading-от:

И едно видео од тоа како ’бегет водана, не стојт’, на крај и кратко снимен beading на хауба.