Автор Тема: Ребраст каиш...дали пак да се промени  (Прочитано 10184 пати)

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Ребраст каиш...дали пак да се промени
« на: 17 Април 2013, 13:15:47 pm »
Здраво
Пред некој ден отидов на мајстор за промена на ребраст каиш и затегачи.
Станува збор за citroen Xsara 2.0 16v VTS 167 hp. Значи, еве што се случи:
Нулта позиција кај овие францускиве возила се наоѓа така што каишниците
на брегастите се заклучуваат т.е фиксираат со шрафчиња.
Исто и на каишницата на радилицата.
Откога е се променето и проверено, дури мајсторот ги обележа позициите со бел маркер
за да е 100% сигурен.
БЕз да го сврти моторот на рака како што мислам и дека треба да се направи после ваква интервеција,
проба да ја стартува колата дирекно на клуч. Се слушна нешто како крчење и излезе да провери.
НЕмаше ништо видливо, го сврте моторот и се слушна гребење метал.
Го отвори капакот од каишниците и видовме дека ги заборавил шрафовите ско кои беа фиксирани.
Ги извади парчињата ги проверивме точките за позиција и каишот го проверивме, вака се изгледво ред.
За срека не префли каишот или да се скине.
Дали да го сменам само ребрастиот каиш повторно или има некој ризик ако го оставам овој.
Со колата се е во ред за срека, ја возам без проблем веке неколку дена.
Go Baby, Go...!!!

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #1 на: 17 Април 2013, 13:32:31 pm »
Немаш никаков ризик заради тоа што не се оптеретил каишот. Двете каишници ако биле стегнати терет видела каишницата што е на радилица. Ако нема мака терај.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #2 на: 17 Април 2013, 13:54:12 pm »
Ако е, а би требало да е на трошок на сервисерот нека си промени се. Сепак негова почетничка грешка е.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #3 на: 17 Април 2013, 14:07:59 pm »
Немаш никаков ризик заради тоа што не се оптеретил каишот. Двете каишници ако биле стегнати терет видела каишницата што е на радилица. Ако нема мака терај.
Како мислиш не се оптеретил каишот ?
Каишниците беа заклучени, а кога го стартуваш моторот нели алансерот го придвижува замаецот а со него и радилицата.
Значи радилицата беше ослободена а брегастите заклучени, тука мислам дека каишот се оптеретил бидејки он ги придвижува брегастите и цел терет е на него, прилично голем терет претрпел за да ги скине штрафовите.
Искрено размислувам да го сменам, не ми се исплати да ризикувам за 1500ден.
Вака визуелно каишот нема ништо на него ниту пукнатинка или грепка.
Затегнатоста е иста како пред да се стартува моторот.

Go Baby, Go...!!!

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #4 на: 17 Април 2013, 14:13:00 pm »
Смени го. Немој за 1000 ден да ризикуваш за зариба цел мотор, па после да се чудиш од кај да почнеш.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #5 на: 17 Април 2013, 14:23:00 pm »
Согласен со Деан, преживеал каишот ама постои можност да му е скратен животниот век.

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #6 на: 17 Април 2013, 14:25:32 pm »
Се слушнав со мајсторот на тел. му кажав што мислам.
Он вика дека каишот нема да има никаков проблем,
доколку нешто се случи поради каишот он ми вика
дека ја презема целата одговорност.
Go Baby, Go...!!!

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #7 на: 17 Април 2013, 14:28:25 pm »
Ако се случи нешто се е џабе.

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #8 на: 17 Април 2013, 14:34:55 pm »
Да му се  сневиди, како и да е ке го сменам.
Ризикот е голем да продолжам да го возам.
Go Baby, Go...!!!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #9 на: 17 Април 2013, 14:43:34 pm »
Јака машина е ова нема заебанции, ја би го мењал.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #10 на: 17 Април 2013, 15:04:41 pm »
Се слушнав со мајсторот на тел. му кажав што мислам.
Он вика дека каишот нема да има никаков проблем,
доколку нешто се случи поради каишот он ми вика
дека ја презема целата одговорност.

Остај тој муабет после нема да те познава и ќе наоѓа изговори.
Смени го и барај да ти го плати!

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #11 на: 17 Април 2013, 15:07:36 pm »
Чим само брегастите биле стегнати тогаш мењај, јас мислев и радилицата дека се стега.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #12 на: 17 Април 2013, 15:22:19 pm »
Едноставно за 1500 денари не вреди да се мислиш секогаш кога ќе тргнеш некаде дали ќе пукне каишот.

Прашај го мајсторот дали ако ти се случи ова, не дај Боже, во странство ќе покрие се. Тогаш ќе видиш што одговор ќе добиеш.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #13 на: 17 Април 2013, 15:31:21 pm »
Ја би сменил, оносно имам сменето дупло пред да му дојде време. И било кога ако би отварал таму би го мењал за секој случај. Евтин е а знае да направи голем проблем.

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Ребраст каиш...дали пак да се промени
« Одговори #14 на: 17 Април 2013, 15:59:51 pm »
Во право сте момци. Не вреди никаков ризик за 1500ден.
Уше одма идам да го купам.
Благодарам за одговорите. ;)
Go Baby, Go...!!!