Автор Тема: изработка на дискови  (Прочитано 2322 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
изработка на дискови
« на: 30 Ноември 2014, 23:59:21 pm »
до сега не сум се сретнал со ваков проблем. значи правам некоја модификација, ми треба некој што ИЗРАБОТУВА дискови по димензија, затоа што тоа што сакам да го направам, таков диск нема, т.е. не постои. се работи за два дискови прави како лист, и 6 дупки за штрафови на него за зацврстување на тркалото...

нели, дискот не е обично железо, неможе секој дреар или металостругар да го направи тоа...

нека пише некој ако знае тука во темава...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: изработка на дискови
« Одговори #1 на: 01 Декември 2014, 00:26:22 am »
Земи флоутинг дискови по димензија и потоа изработи го само носачот според твоите потреби:






Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: изработка на дискови
« Одговори #2 на: 01 Декември 2014, 00:38:15 am »
како да се изработи носачот само? треба да има 6 краци према внатре... значи за а мотор дискови станува збор. дискот со се 6-те краи е едно цело и рамно-право... нема двоив дел. краците се тие што се прицврстувачи на самото тркало... ај ке сликнам една слика и ке појаснам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: изработка на дискови
« Одговори #3 на: 01 Декември 2014, 00:46:54 am »
Да, со слика може појасно ќе биде. Ама флоутинг дискови ти се единствена можност да ставиш дискови кои се со соодветна цврстина и отпор на виткање и да бидеш сигурен дека ќе функционираат правилно. Секако, и мотори носат такви:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: изработка на дискови
« Одговори #4 на: 01 Декември 2014, 00:53:44 am »
кај може да се набават овие дискови?

како што сватив, во принцип, си тураш т.е. правиш еднаш држач за дискот и после само го мењаш кочиониот дел од него по потреба...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: изработка на дискови
« Одговори #5 на: 02 Декември 2014, 01:43:52 am »
извинете за дабл пост...

во комуникација со еден типац кој работи нешто слично, ми посочи некоја солуција без да мењам дискови и ми праќа слики... на една од нив го гледам баш овој диск за кој што збореше симо:



инаку целиот проблем што сам си го направив (ако е проблем тоа нели) е промена на тркала... финтата е дека сменив тркала, а дисковите не одговараат на предното тркало. ги кратев на дреар од надвор за да влезат во шапата и тоа се среди некако, ама останува дека плочките скоро со една третина не се на дискот, т.е. фаќаат само на краците, значи Ф-от треба да биде помал. од старите тркала пак, не одговараат на штрафови дисковите, може да се пребушат дупките и ке легнат ама во таа ситуација тој сет тркала нема да има више дискови.. прашањето ми е, нели, неможе секој дреар или металостругар да го прави тоа, си треба материјалот да си биде квалитетен. за предно тркало збориме. и типов ми посочува солуција на која не ми ни текнало никогаш... еве ја солуцијата:



додавње плочки за да го измести малку понадвор лежењето на шапите...
« Последно менување: 02 Декември 2014, 02:34:03 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: изработка на дискови
« Одговори #6 на: 02 Декември 2014, 08:27:50 am »
Па така бе Онак, кажи што е работата, одма ќе ти предложевме, прашај ги точкариве, тие мењаат дискови како ќе им текне, од 162, па 180, па 230 :D Нормално и на коли се праи често ваквко зголемување на дијаметарот со соодветни адаптери. Битно има чаре! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: изработка на дискови
« Одговори #7 на: 02 Декември 2014, 09:21:49 am »
никогаш не би ми текнало на ваква солуција... не сум ни размислувал за додавање на плочки кои би биле во форма на адаптери. затоа што се додека не ми објасни човеков за некои детали, би го сметал како тееееешка крпеница и не сигурност на адаптерите... башка типов ми објасни за дебелината на адаптерите... минимум 12 милиметри, а поише би се сметало за посигурно... нели безбедност е во прашање...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: изработка на дискови
« Одговори #8 на: 02 Декември 2014, 09:28:13 am »
би го сметал како тееееешка крпеница и не сигурност на адаптерите... башка типов ми објасни за дебелината на адаптерите... минимум 12 милиметри, а поише би се сметало за посигурно... нели безбедност е во прашање...

Прво си викав не е можно, но на крај го прочитав последниот пост. Значи не ми се веруваше да не ти текнело на ова...
Јас на мотор не би си играл со никакви адаптери искрено...Сепак брзина е во прашање, нормално за да застанеш тоа треба да биде камен...
Изработката на адаптерот треба да биде совршена.
Замисли да е искривена поставеноста на шепата во однос на дискот за о,1мм. Какво тресење ке ти се појави? Можеш да се убиеш пу пу скраја да е со оваква крпеница...
Јас искрено не би го правел ова...
Единствено од причина што незнам дали постои некој кај нас кој истото би го извел идеално и сигурно во исто време...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: изработка на дискови
« Одговори #9 на: 02 Декември 2014, 09:31:54 am »
па ако не пробаш нема да знаеш нели... ке пробам и ке видам што ке каже делото... инаку за да се направи идеално рамно и право, мора да биде со глодалка изработено. за да го направи во правец... не баш со сечење само... ако сакам 12 милиметри плочка, ке мора со 14 милиметри да се почне... прво обработка за изглед, бушење дупки, изглед ова она и на крај со глодалката да се израмни од двете страни до перфекција... има глодалки кај нас, битно е мајсторот колку го бива..

дали ке го држи во правец или не, ке дознаам во првите 2-3 минути возење.  сега на пример заради поместувањето ми се случува да од 85 до 50 одприлика да имам силни вибрации при кочење...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: изработка на дискови
« Одговори #10 на: 02 Декември 2014, 10:21:36 am »
CNC машина, убав прецизен CAD цртеж и немаш гајле. Многу шепи фабрички стојат на адаптери. Не е проблем и мала непрецизност (зборуваме за стоти од милиметар, не за милиметри), поготово ако имаш флоутинг дискови. Тие претежно се користат за да се анулираат вибрациите од малите неправилности на поставеноста на шепите.
Брзо пребарување на гугл, дава илјадници резултати за caliper brackets баш затоа што наоѓаат секојдневна примена во модификации на системот за кочење.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: изработка на дискови
« Одговори #11 на: 02 Декември 2014, 17:42:19 pm »
Не е проблем да се стави шепата со адаптер,многу појаки мотори од овој на онак возат такви поставки,иначе за диск можеш да го изработиш како што кажа симо на цнц машина,матриалот мора да биде квалитетен плочата,и на крај да се израмни како што кажа ти на глодалка за да биде перфектно рамен,матриал барај некоја плотна од сив лив(гус).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: изработка на дискови
« Одговори #12 на: 24 Декември 2014, 21:49:43 pm »
деновиве, троа болен нешто, прелада, па не работев, ама ај да не залегнам, па си чепкав на моторот по ова прашање... еве слика од диксот како беше:



главниот проблем е што кога ги сменив тркалата, на задното тркало дискот се погоди таман, арно ама на предното дискот излезе поголем одошто треба... па правев модификации некои. прво дискот е скртен од надвор за некој милиметар, после на самите шепи металните носачи се избрусени за некој милиметар, се само за да може да упадне дискот во шепите. и на крај без да проверам, среќен што конечно упадна тркалото, тргнав да пробам и разочарување.. послабо кочи, и тресе и тоа многу тресе при намалување, а нај изразено од 90 до 40 кога кочиш.. недај боже понагло да закочиш, можно е и беља да испадне...  кога убаво седнав и провер што е проблемот, сватив дека сум превидел и внатрешното Ф на дискот... една третина од плочката воопшто не лежи на дискот туку е надвор од него и тоа навнатре кон центарот, а тресењето се јавува кога всушност плочката ке удри на кракот-држачот од дискот. ај си реков, крај на сезона е, зимоска ке се замарам и ете, зимо дојде па се замарав...

отидов кај еден тип што знам дека има неколку растурени мотори, па низ контејнерот со делови, почнав да копам и да мерам. мене уствари ми требаше следнава димензија: 28 сантими диск, со 6 штрафови, а штрафовите да бидат со размак од 18 сантими. нај приближен што најдов таму кај него беше 27,7 сантими и со штрафови кои трпеа размак по 5 милиметри лево и десно од тоа што барав... поточно од некоја хонда... ок, му викам, да вадиме дисковите и да почнеме... го извадив тркалото (релативно заебано е ова кој не вадел, а јас вадам веќе 3-ти пат). па ги демонтирав моите дискови, па ги демонтирав тие дискови од тоа тркало, ги турив на моето и еурека:


на дупки се погодува, ама да го е*ам, ама немам како да го уцврстам. прво и основно, тоа средното стубче во средина што е точно во дупката е повисоко. дисков си доаќа со едни уцвсрстувачи коцкасти, кои се релативно поголеми од дупкава, а штрафовите мои се подебели од тие на хондата што биле, ама па имаат помала глава... и така, тркалото во гепек, со се сите тракаташчиња и кај дреар миле на маса да го решиме...

прво, стругање на стубчињата (тоа јас сам со брусно камче ги симнав)



за тоа време мајсторов ми ги обработи штрафовите:





потоа тие коцкастите уцврстувачи на глодалка ги обработи, т.е. ги симна да одговараат во дупката да влезат колку што дава дискот до стубчето што веке го симнав:



и кога ги клапнав на место, изгледаа вака:



на ред беа да се направат шајбни, кои ке ги покријат и дискот и уцврстувачите заедно, преку стубчето. за жал, не ги сликав нив.. заборавив. ама имаше еден интересен момент. му викам на миле, од што материјал ке ги направиш? железо 9.9 или...? па, овај вика, немам 9.9 железо... и јас почињам у транс да паѓам. во глава почиња да ми се врти (ионака температура имав) дека сега ке треба да идам и да барам јако железо, нешто што ке може да држи машки. и додека размислував, миле ме прекинува и ми вика, абе немам 9.9 ама имам нешто доста појако... и така, ме израдува :)

финалниот продукт и изглед се склопено и наместено со се шајбните е овој:





температурата и енегријата ме издадоа вечерта, неможев да стигнам само да ги офарбам, инаку за брзо време ке кородира шајбната и штрафот.. ама деновиве и тоа и ке го средам па ке опнам и за тоа едно сликиче...

п.с. фала на заложбите на сите кои сакаа да помогнат. сепак, според мене, плочка додавање на шепа можеби е полесно решение, ама никако по безбедно од ова решение... ;)
« Последно менување: 24 Декември 2014, 22:04:23 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време