Веројатно слишнал композитна боца од странските форуми кои пишуваат за метански уреди (CNG), каде има логика да се става композитна боца за метан зошто е далеку полесна од челичната. Од друга страна за автогас уред кој е на LPG а не CNG нема логика во ставање на композитна боца затоа што разликата во тежина на челичната и композитната не е голема. Заштедата ќе биде мала, а цената голема.
Друга веројатност која е возможна е дека некаде прочитал дека композитните боци се посигурни (ако сигурноста е во прашање), но тоа пак се работи за боци кои се наменети за CNG систем за метан, а не за LPG плин како овие за кои зборуваме.
Затоа е важно да се разбере што поточно се бара, и пред се зошто се бара тоа кое се бара. Дали може да дознаеме кои се причините за барање на композитна боца? Прашањето е насочено да ја открие потенцијалната заблуда кај некои корисници, како и начините како корисникот да го добие она кое навистина го бара. Доколку го даде условите кои ги бара (лесна боца, зголемена сигурност, место на монтажа или што и да е причината за композитна боца) ќе може да го разложиме одговорот подетално и да понудиме соодветно решение.
Накратко за LPG уред не е потребна композитна боца.