Среќен роденден
@Cuore Sportivo Текстот е во целост превземен / ископиран од:
http://www.visokioktani.mk/?p=38275#prettyPhotoСРЕЌЕН РОДЕНДЕН: Alfa Romeo 155 слави 25 години
од ИГОР НИКОЛОВСКИ НИК на 29/09/2017
Компактната лимузина Alfa Romeo 155 е претставена во Женева 1992 година, наследник е на моделот 75, а со предниот погон во очите на фановите претставуваше вистинско светогрдие
Alfa_Romeo-155-1993-1024-02
Компактната лимузина Alfa Romeo 155 е претставена во Женева 1992 година, наследник на моделот 75, а со предниот погон во очите на фановите претставуваше вистинско светогрдие. Дополнителен шамар беше делењето на платформата Type Three со Fiat Temprа и Lanciа Dedrа.
Alfa_Romeo-155_2.5_V6_TI_DTM-1993-1024-01

Иако со коцкаст дизајн, се одликуваше со коефициент на воздушен отпор од 0.29, што е и за денешни стандарди, добар резултат.
DTM
Функционалниот ентериер добро ги следеше тогашните трендови, а меѓуоскиното растојание од 254 сантиметри нудеше солидна пространост. Дополнителен адут беше багажникот од 525 литри.
Alfa_Romeo-155-1993-1024-01
Особено беше интересна Q4 верзијата со 2.0-литарски турбо бензинец и константен погон на сите тркала, позајмен од кралицата на релито – Lanciа Deltа HF Integrale.
Alfa_Romeo-155-1993-1024-04
Моторната палета вклучуваше бензинци од 1.7 до 2.5 литри, со сила од 115 до 190кс, како и дизелаши од 2.0 со 90 и 2.5 со 125кс.
Alfa_Romeo-155-1993-1024-03
Производството на Alfa Romeo 155 престана во 1988 година со претставување на моделот 156, кој е целосна спротивност. Аглестиот дизајн е заменет со обли линии, па многу фанови сметаат дека ова е најубавата Alfа во поновата историја на марката.