Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio
Е подобро возило од BMW M3, во секој поглед. Факт докажан на безброј тестови насекаде низ светот. Не само на овој форум, туку глобално.
За пред Giulia не можам да зборам, бидејќи BMW и Alfa воопшто не се натпреваруваа во истата класа на возила (Alfa правеше возила со преден погон). Ако се навратиме малку поназад во историјата, како што рече
@Klen, кога Alfa Romeo ја пишувала историјата на моторспортот, дизајнот, и слично, BMW правеле дубачиња за деца.
Огромна штета за таков реномиран бренд да биде менаџиран од толку неспособни менаџери и да западне во кризи од кои е приморан да биде спасуван од Fiat... А Fiat кога треба да спасува нешто, лошо се пишува. Среќа што се опаметија Фиатовците и не кратеа буџети при правење на Giulia. Се надевам дека ќе им се исплати со позитивни бројки на продажба.
Бонус реплика: двете Алфи ги купивме пред да почне либерализација на увозот, така да гастербајтерите не ми сменија ништо во животов, нити ќе ми сменат.