Направен деновиве редовен сервис на Алфата кај Жаре, колата си имаше и други маки некој па ќе пишам се што како. Колата има 165.000км и си служи за тоа што е земена. Ќе ги пишам сите зафати на колата од минатиот сервис на 5-6 Февруар 2016 год.
- Заменет радијатор за клима(Нов) и предихтуван компресорот за клима (220 ЕУ)
- Промена на предно десно рамо (2000 денари)
- Промена на сет ламела (15.600 денари)
Дотука беа работите кој беа надвор од редовен сервис, сега ќе ги пишам деловите заменети кај Жаре на овој сервис.
- Уље Селение 5W40
- Филтер за Уље, Воздух, Гориво, Полен
- Водна пумпа, старата протече многу малку па мораше да се смени.
- Два предни амортизери, ставени Monroe Reflex со 3 Год гаранција. Десниот беше протечен. (2 Х 3600 Денари)
- ПК Каиш и ПК Затегач, ставени Gates. (2 Х 1350 Денари)
Имаше некое лупкање многу мало во предницата, Жаре ја растури цела и заклучи дека никаде нема луфта. Амортизери се сменети, чашки горе такви работи се е Ок па остана дека по се изгледа е од летвата. Оставив абер кај него да бара добра летва и кога ќе најде да се смени. Не смета воопшто во возењето и е минимално тропкањето, но ќе ме нервира ако знам дека има некој проблем и не реагирам.
Вкупно потрошено за одржување на колата од сервис до сервис = 52.000 Денари. Изминати околу 14-16.000Км за тој период