Не верувам дека се вистински цевки, ми личат на дел од пластичниот капак.
Инаку да резимираме, што добиваме за 72000е (89000е) у Германија:
1. Mотор изведен од оној во 488, а кој ќе се вградува и во Ферари Дино. Целосно од алуминиум.
2. 100% нова шасија дизајнирана од човекот кој ја дизајнираше шасијата на 458.
3. Подвозјето (алуминиумско) како што пишав мора да е нешто посебно, доказ за тоа се двата патенти кои ги обезбедиле и на задниот тн Алфалинк и на предниот нов Дабл Вишбоун.
4. Најниска декларирана потрошувачка и најниски емисии на Цо2.
5. Карбонски кардан(кај сите верзии), хауба, кочници, кров
6. Алуминиумски врати, крила
7. Перформансите, никој не е ни блиску, никој.
И кога само ќе ми текне дека љубителите од форумов правдаа 3 пати повисока цена од основен модел, цена од 60к евра за 2.0 со 245 коња дизел од производител на кој не му е непознато да се фали со алуминиум а да става челик. Цепки