Не знам кој рекол тоа дека е побрза 4C, Ама со оглед на фактот дека про рејсинг драјвер го возел Кајманот, може комотно да се смета дека 4C е побрзо ауто. Инаку еве јас што реков во врска со перформансите.
Ако е за мерење перфроманси, немој да почнуваме, пошто Cayman S има исти перфроманси со бедна алфичка со речиси дупло помалку кубни сантиметри мотор и 50 коњи помалку (на Нирбургринг).
Ама не е се` во мерењето перформанси, туку често е битно кога купуваш кола од ентузијазам, какви емоции буди кај тебе возилото што сакаш да го поседуваш, а не дали ќе ти собере ќеса пипер повеќе во гепек.
Што се однесува до Cayman GT4, Не е наведено дали е подолгата или пократката верзија на стазата возено. Моја претпоставка е дека е пократката, но нема врска, не е Cayman S, така да не е во „игра“ на муабетов.
Исто така, вредно е да се спомене Цитирам: “a new all-time record for all cars with engines producing less than 250hp.”
Така да, подобро да ги гледате малку пообјективно работите, не е „баш“ дека не чинело управувањето на алфата, не е „баш“ дека Cayman S е подобар драјверс кар, туку треба секој да си одреди каков драјверс кар сака. 4C e за мене совршено „ефтино“ ферари. Со оглед на тјунерскиот потенцијал, може да испадне одлично возило за вистинско уживање. Кој сака фотељи паркинг сензори, нека си купи кајман, негов избор.