Тоа е врвниот Пасат во моментов. Со тој можам да споредувам. Што и како и колку и дали ќе има понатаму, не можам да знам за да споредувам. И овој нема 20-30% повеќе сила од основниот, има грубо околу 100% повеќе сила од основниот (1.6 TDI ќе биде со 120 коња кога ќе стигне).
Ти побара коли каде што најскапите верзии се 3х поскапи. Јас ти дадов примери каде што цените се и повеќе од 3х повисоки. Дека е обичен пасат, се слагам дека обичен пасат. И тоа му е позитивна страна.
Цените на BMW во Македонија беа исклучително ниски заради, и само заради една единствена и многу, неизмерливо многу важна причина - импортерот затвараше и сакаше да очисти лагер или веќе направени нарачки. И самиот кажуваш - цените биле ОД 46-8 и ОД 44. Истите се и во Германија. Ама почни да редиш опрема.. Еве, на Германскиот сајт на BMW (бидејќи Македонски немаме) стигнав до ~73.000 евра за 330d.
Се сеќавам дека правевме муабет за BMW, не се сеќавам дека сум се јавувал да прашувам. Али ете, можеби било така. Не викам не. Како и да е, секое возило си доаѓа со сопствена цена и сопствени услови. Ако ти одговараат, ти одговараат, ако не, не.
Поентата на VW со конкретната верзија на Passat беше малку да ги растресе другите и да покаже што може да направи, а и успут да се збори за колата. Очигледно, им успеа, don't you agree?
EDIT: Си поиграв и со конфигурирање на M3. Основната цена му е околу 70.000, јас стигнав до 105.000. Ајде сега - за тие пари BMW M3 или некаква S-Class, или можда Масерати?
Поентата ми е, можеме да вергламе до 1001 и назад. Опремата си кошта и многу е лесно да се отиде до недоглед со цената, особено кај Германците.