Да, за жал, Алфа Ромео во моментов (и во горниот пост нагласив, во моментов) го нема името што би требало да го има. Понудата на Алфа во моментов се состои од два модели. Едноставно не е привлечен како бренд - нивните (нови) возила ги купуваат само хардкор фановите на брендот (ако и тие воопшто купат). Другите, обични луѓе и обични купувачи не ја ни перцепираат Алфа Ромео. Не е дека викаат „не бе, не Алфа“, туку едноставно не ни помислуваат на брендот како опција кога купуваат ново возило.
Повторно ќе речам, за жал. Алфа Ромео има прекрасна историја и бесценето педигре. Тука не оспорувам. Во моментов,
во моментов Алфа Ромео не е привлечен бренд. За жал. Тука е крив Маркјоне, ама криви се и тие под него и околу него. Јебига, додека BMW и Mercedes инвестираа во нови модели и нови технологии, цела Фиат групација спиеше. Па и другите, алтернативни брендови (меѓу кои би ја вброил и Алфа Ромео, баш тоа го збориме со Симо сега), како што се Saab, Volvo или Jaguar, или пропаднаа, или ги купија.
Немој ни за секунда да помислиш дека јас не ја сакам Алфа Ромео. Јас брендот и колите ги обожавам. Една од ретките реклами за коли што ги памтам од кога бев мал (3-4 одделение во основно) е баш за Алфа Ромео - односно за 155.
За Алфа, субјективно спасот го гледам во нови газди. Дали тоа ќе биде VW или ќе бидат некои други, и не е толку важно. Јас лично не гледам ништо лошо ако VW ја купи Alfa Romeo. Полошо од сега не може да биде. Ете, и било кој друг да улета, нема да биде лошо. Volvo пркна со кинески газди, Jaguar и Land Rover пркнаа со индиски газди - едноставно ради тоа што новите газди дојдоа и рекоа - еве ви пари, правете што мислите дека треба.
4C е таканаречен Halo модел - кола што треба да привлече купци во салон. Да дојдат да видат 4C, да купат нешто друго.