Мене постот на фраеров ми е малку типично, жалопојкесто размислување на некој што ја гледа Алфа Ромео низ розеви очила.
Значи.. Да не се разбереме погрешно - 159-ката е прекрасна кола. Најубав седан кој излегол од Alfa Romeo во последниве 20 години. Можеби најубава кола која излегла од Alfa Romeo во последниве 20 години, освен можеби Брера. Напуштање на тој дизајнерски јазик и следење на новиов (Џулиета, Мито) е најголемата грешка што ја имаат направено.
Хауевер. Аргументот на фраеров - колава е 200 кила претешка, па затоа не може да ги покаже своите таленти. Тоа е реченица као „Цурана е 50 кила потешка, па не и се познава струкот. Иначе, да знаеш само каков е..“ Ја направиле тешка. Тука згрешиле. Згрешиле МНОГУ. Грешка број 1. Другар кој има(ше) Audi A4 1.9 TDI 130 и 159 дизел (ќе ве излажам точно кој мотор, знам дека беше со 130-140 коња) рече дека Аудито во споредба е ракета.
Понатаму - сакаа да се носат рамо до рамо со Германците - тука ги бројам BMW и Mercedes, Audi не - а немаат заден погон. Грешка број 2.
На крај - имаа прекрасна, преубава, несекојдневно убава кола, а генерално многу малку работеа на маркетинг, не само кај нас, туку низ цела Европа. Премногу се надеваа на hearts over minds. Тоа не успева, не во реалниот свет.
Тоа што сакам да го кажам е - направија прекрасна кола. Кола која што јас би ја ставил во гаража и би ја возел секој ден. Кола за која што отворено сум кажал дека сум му љубоморен на Струмичанецот. Ама сторијата на фраеров.. Малку подебели розеви очила ставил.