1.9 bilo 150 ks a 2.0 bila so 170 ks....
I stvarno se ubavi znaci epten. Jes da sum VW fan ali neznam dali nekogas e napraen olku ubav VW.....mozebi VW T1 sambata jedino....
Гледам повеќето ти одговорија на прашањата, само мало појаснување. Прво, претпоставувам дека се работи за двата дизел мотори, па за нив и ќе објаснувам. 1.9 е мотор кој е генерациски постар, но се вградуваше во 159 речиси до самиот крај на производство, освен последната година (2011). Што се однесува до снагата, во зависност од верзијата идеше во две варијанти - 120 8v и 150кс 16v. Во 2010 година е претставен 2.0 multijet моторот со 135 и 170кс.
Што се однесува до тоа дека колата е целосно различна - не баш. Единствениот фејслифт, кој визуелно од надвор не носи речиси никакви промени освен бандаши, а кој има други структурни промени (брембо шепи и дискови на сите модели, електронски q2 диф на сите модели, 45кг полесно возило во целост за сите модели, 3.2v6 со погон само на предни тркала покрај q4 верзијата и сл, промени во внатрешниот дизајн и сл.), се случи во 2008 година. Така да, 1.9 со 150кс и 2.0 со 170кс би имале разлика само ако првиов е пред 2008 фејслифтот.
Како и да е, јас би препорачал верзија по 2008 година, без разлика на моторот.
А да, 1.8tbi не трпи (обичен) плин. Пошто користи дајрект инџекшн технологија. Треба да се примени некоја од веќе достапните технологии за течно вбризгување на плин (brc или prins веќе имаат соодветни технологии).