Вчера братучед мој донесе Алфа 147 од Словенија, 2001-ва, 1.6 Твин Спарк, 120 КС, црна, со три врати, со кремаст кожен салон, поминати 221.000 километри, климатроник, темпомат, електрика на стакла, ретровизори и ред други работи.
Освен што малку бојата беше испечена од сонцето (со добро полирање би била како нова), неколку ситни гребнатинки однадвор, колата внатре е доста сочувана.
Последен сервис правен таму, чинел 600 ЕУР-о, а е променето горе долу се што може да се промени. Повлекува одлично, добро се држи на дупките (не скока, не тропа) и е прилично тивка до 4.000 РПМ.
Арно ама, страда и таа од Алфаритис - амблемот напред не се познава што е (до таа мера е избледен), рачката од менувачот е уништена, рачката од касетата/фиоката ја нема, капаците од звучниците се сите напукнати, не работи централното, односно далечинското на клучот, кваката од возачката врата е скроз откачена во предниот дел и инструментите покажаа изгорена сијаличка на регистрацијата, како и проблем со издувните гасови нешто.
Цена - 2.000 евриќи. Поминал со неа нешто над 1.300 км додека да си дојде, а вика дека му потрошила некаде во просек нешто ситно над 8 l/100 km.
Најинтересното е - и покрај сите овие проблеми со колата, годиштето, километражата, релативно високата потрошувачка, црната боја.. ЈАС СЕ ЗАЉУБИВ ВО НЕА. Ептен ми се допадна.
Претходно се имав возено во Алфа 156 караван само, и таа ми остави добар впечаток - но не како ова количе.
Сакам Алфа, во некое идно време. И ќе ја имам..