Некако манжетни на задна оска не сум сретнал у опис на делови на 166-ката, така да одма од старт ти е трипање. Што се однесува до други некои работи кои се „сложени“ имаш:
- Промена на задни амортизери, се вадат задни седишта
- Промена на горни задни вилушки (да, има и горни и долни задни 166-ката), се симнува трапот долу
- Промена на чаури на задна баланс штангла (или цела), повторно трап долу.
- Промена на сајли за кочници, расклопување на централната конзола околу менувачот и рачната.
- Промена на каиши и затегачи бара посебен алат и процедура.
и ред други слични заебанции. Ама не треба да се прави којзнае каква прича околу тоа, поголем проблем е мрзливоста на нашите мајстори, и нивниото незнаење, отоколку сложеноста на работата. Задниот трап на 166 се држи на 4 штрафови и не е воопшто нешто сложено да се симне долу. Што се вика, подобро опремен со алат аматер може да го изведе тоа без проблеми.