^^^ Потпис и печат!!!
морам еднаш тука да го „донесам“ другар ми поранешниот алфиста-до-смрт-ако-не-си-возел-алфа-не-си-џереми-кларксон кој доживеа религиска конверзија откако купи шкода октавија. :-) морам тој сеир да го видам еднаш, морам
За мене Шкода Октавија има обработка на внатрешните материјали како пластична канта за ѓубре, држење на голф со расипана амортизација, изглед на.... не знам.... немам соодветен збор, веројатно осакатена џета. Ако сето тоа му надоместува за по некое дефектче или најверојатно „локален мајстор - гуру за алфи“ кој го дриблал, пошто не знаел да му го/и реши дефектот/ите, тогаш секој ден нека си се смее возејќи се во пластична канта и нека им титка на колегите таксисти на семафори, и сите среќни и задоволни
Јас благодарение на такви „религиски препороди“ може да бидам втор сопственик на сосема квалитетно, добро издизајнирано и одлично опремено ауто, на кое можам и да му простам по некој дефект.
Пријател додека немаше купено кола возеше позајмено стило некое време, после се реши да купи кола и купи Шкода октавија 99г модел и ај да ме провози да сум видел како влечат 90кс, викам ај...
Како влеговме внатре, на типот одма му се осеќа нервоза и почна да се жали: А бе воланот крут, огромен, некако не фино, мењачот крут, како на трактор да мењаш

и почна да се вади... ама многу убав мотор, ич не троши гледај како корне

ај викам може јас не ја сваќам поентата на зборот корне

и климам со главата - јес ок

И го продолжи муабетот - стилото поарно ова она...
Е сега мој заклучок, типот домазет, му имаат кажано која кола е да бест и толку, останатиот муабет е - јес ок

А се имам пожалено на звучната изолација на Либрата ама во шкодата се утешив малку

У вези дефектите, шо знам, прочешлајте во темата техничко одржување, ова е тема за фини работи

На крај, пак не се почитуваат две работи, една е дека Банза кажа, за вкусовите не се дискутира... друга е дека јас кажав, да ти се пљукнам на тиквата сам ако не можеш да одбереш и да одлучиш што е најдобро за тебе...
Споредбава кај е апсурдна, е и тотално непотребна.
Респект од мене до оние кои одбрале да возат шкода поради лични причини и од личен вкус и избор - пристојна кола.
Едит: Чекај ова сум го пропуштил - РЕЛИГИСКА КОНВЕРЗИЈА

ауууу јако.
Се слагам за сеирот 100%, мораш да го видиш и да го дупиш до 100 миле мајке прероденот
