Додекае се здраво не крцка ништо, кратко е кога репарираш. Купи се како што треба ново ќе видиш дали ќе крцка. И не се лутам, само мислам дека не си во право. Кај секоја кола крцка подвозјето кога не е исправно, ако е исправно не знам зашто би крцкало.
Знаеш со овој увозов што почна цените на колите паднаа. Односно се изгуби секаква вредност во општеството. Мене лично не ми се свиѓа тоа.
Цел преден трап нов да го смениш кошта околу 600 евра а алфа увезена се наоѓа за 2500 евра и сеа таа тропала а твојата во следните 3 години ќе е коска да сакаш да ја продадеш ќе ја продадеш пак 2500.
Како и секоја кола и алфата има авои мани. Кај неа тоа е предницата најчесто
Многу точно! Муабетот е тој. Затоа викам дека не треба да се оценува една алфа према цената на кршовине со алфа знак што се купуваат и возат по месец дена нити пак квалитетот не смее да се оценува по тие кршови, тука е грешката што сите ја праат.
Јас кај мене на алфата убава пара имам уложено која знам ека нема да ми се врати сигурно. Ама јас си го знам тоа и го направив од чиста љубов према колата. Сакав да биде во перфектна состојба.