Тежок мотор, добро влече, мирно работи не е за кривини ко бензинците, повеќе е за крузање, добар сервис и почесто менување на масло не би и` штетело. Пази се од лошо сервисирани, пошто може летечи и лежечи да отидат лесно, па да завршиш со изедена радилица.. Предница, стандард, миљон делови, и ако не ги смениш сите по ред одеднаш, многу веројатно дека ќе се влечкаш по мајстори. Ако смениш се` одеднаш, со нормални, мирен си околу 100-тина иљадарки. Додуша нешто помалку со тешкиов 2.4..
Тоа имам слушнато... Јас би бирал модел од 2002 нагоре, бидејќи тогаш има еден куп багови решено на 156-ката, и целата внатрешност е редизајнирана.