Точно е дека кај нас има митови за секоја кола но јас не подпаѓам на никакви митови. Сакам чисто и суштински да навлезам во материјата која мене ме интересира - безбедно, ефтино користење на едно возило.
Не ме интересира брендот, не ме интересира марката, не ме интересираат приказните за него, не ме интересира имиџот, не ме интересира дали ќе ме гледаат и ќе ми завидуваат за она што го возам...Мене ме интересира да имам безбедно, квалитетно возило кое ќе ме служи долго време и секое сабајле ќе пали и ќе го возам до крај на Европа и назад. Ништо друго не ме интересира. Не ме интересира внатре дали е змиска кожа, греачи на седиште, автоматски брисачи итн, ме интересира само број на воздушни перничиња, безбедносни системи, клима (мануелна е сосема доволно) добри светла, магленки, економично во потрошувачката и најбитно да не се ебавам со мајстори и сервиси што е можно помалку или ИЧ.
Алфа од секогаш си барала посебна нега, дури и сервисирана исклучиво на овластен сервис Алфите секогаш се кенкави и прават проблем. Голем дел од нив се направени да се направени да се возат брзо.
Од една страна се фалите дека возите Алфи (читај скап сервис, чести проблеми, потрошувачка на гориво) а од друга страна штедите на гуми и слични клучни работи (не мислам на тебе лично, погледни ја темата за која дискутиравме за гумите)
Единствени познаници кои знам дека одсекогаш возеле Алфа (и возеле брзо) ги спомнав кои се, ама на таквото задоволство парите крај немаат. Така што, да се велича Алфа, од нас нормалните луѓе е парадокс и еднакво на самоубиство. Гледам на темата на луѓето коса им се крева што плаќале бензин 81 денар а овде за Алфа не смее да се спомне ни една гачка?
Мартин, колку годинки имаш?