Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Цитат: Simo - Carrier159 на 08 Октомври 2019, 21:28:53 pm6:40
15 парчиња делови за патнички возила и моторцикли (вилушки, стабилизатор и гумени делови за Алфа Ромео и издувни системи за моторцикли YASUNI и POLINI), откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во картонски кутии сместени во багажникот на возилото и покриени со куфери, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.– 8 употребувани алуминиумски бандажи со гуми, откриени при контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во просторот за палети на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.– 1 тестер за турбини за возила и 1 кабел за истиот, марка Actuator Tester programmable, откриени на Интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на куферот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Лондон. Патникот првично тврдел дека апаратот бил купен во Македонија и дека не знаел дека треба да го пријави при излез од државата, но при контрола на неговиот личен ранец била пронајдена фактура и сметка со износ од 2.700 британски фунти. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.