Убаво е текстечето од аутобилд, воедно покажува и зошто цените на 159-ки дизели паѓаат ко камен флрен од мост.
За наш народ (кој сака добро ауто без многу мајсторишење) лесно се поправаат грешките од фабрика:
Ќе пробам по ред:
2.4 дизелот, стварно и јас би го избегнал, иако е моќен и све фино, но 2.0 јтдм 170кс е подобар избор за 1 милја. Секако 1.8 тби е најдобар избор

Но, ако ги погледнете цените на стари возила, ќе видите дека баш 1.8тби и 2.0јтдм верзиите, сеуште добро држат цена и не се баш ефтини и на старо (поготово ако немаат поминато повеќе од 100-120.000км).
Дисковите брзо се трошат - јебига друже, ако имаш 2.4 аутоматик 4x4, имаш кола тешка околу 1.9 тони! Ем аутоматик. Нормално дека брзо ќе се трошат кога фабричкиот минимум од 28мм ширина нови, е ставен на 26мм (само 2мм пред да ти каже сервисот „ааа веќе ти се потрошени). Македонче ќе ги истечни уште малце, до кај 100.000 ќе ги вози, не е проблем

На другите - полесните верзии, како што е 1.8тби, 1.8, 2.2јтс, и на 1.9 и 2.0 дизелите, ако не се аутоматици, тоа не е проблем, дисковите траат два пара плочки, или околу 70-тина илјади км.
Пукнати пружини е доста чест проблем, Eibach го решава проблемот за 150-60 евра - трајно

Истрошени чаури, ова е точно, но до сега не сум видел 159-ка со под 100.000 и истрошени чаури. Еве, јас прв пат сменив стабилизатори на предна баланс штангла на 135.000км. Како и да е, доста подобро и поиздржливо е подвозјето од предходните алфи 147-ци 156-ки и 166-ки.
Површинска корозија - зависно од условите во кои е возена. Знае да се јави, но останува таква - површинска. Може лесно да се отстрани и да се премачка со антикорозивно средство. Кај што е сликата „корозија на вилушки“, тоа е слика од „сабфрејм“ или трап по нашки. Тој е слабо заштитен и што побрзо се премачка со средство што ја врзува корозијата и потоа со антикорозивна боја, тоа подобро. Има хорор приказни по приморските места од Англија, кај што целиот трап е скапан, но кај нас сум видел увезенки со по +300.000 од некои фини краишта, кај што трапот е стакло. Да е возена цел живот во МК, гарантирам дека никад нема да се јави корозија на трапот.
Корозија дури и површинска на вилушките од 2008 нагоре нема, затоа што се заменети со алуминиумски.
Исто и за корозијата на држачите на ауспух. Ако се улови дур е површинска, и се санира, нема да има мака долго време.
Битното кога се купува 159-ка на старо е да се проверат сите овие елементи, како што кажав, мнооогу од нив се последица на условите во кои е возена колата.