Чудни звуци од мотор (варијатор, радилица и сл) = нема
Работа на мотор (немирна работа, мисфајр, варирање обртаи) = понекогаш мало варирање на обртаи, повеќе изразено на бензин, на плин скоро да го нема
Возни карактеристики на мотор (влечење при мали обртаи, влечење при високи обртаи, рамномерно потегнување и сл.) = на мали обртаи ок, нагоре се губи, не ми делува рамномерно, како да има дупки од 2000 до 3000
Возни карактеристики на шасија (стабилност, тенденција на „следење“ на длапки од асфалт, држење во кривини и тн.) = ок
Состојба на подвозје (тропкање, квичење, чудни звуци на нерамен терен...) = ок
Состојба на електрика (сијалички на инст. табла, чек енџин и слични работи, работа на електрични уреди, ретровизори, прозори, централна брава итн) = ок
Состојба на внатрешност (пропаднати седишта, механизми на седиштата, искинати тапацири, пукнати држачи на ербегот сувозачки, одлепено платно од кров и страници) = свети сијалица за (најверојатно возачки) airbag, другото е ок
Состојба на каросерија (видливи оштетувања, невидливи оправки од типот различна кола предница, различна задница)... = имаше видливи ефтини оправки (шминкање пред продажба), во глобала ок, секако не планирам да правам обид за враќање во фабричка состојба (како калибрата), бидејќи едноставно не вреди.
најголемата забелешка ми беше тоа што, иако за време на работа на моторот цревата за вода беа меки, по 10 минутно возење кога го отворивме капачето за антифриз, течноста изби нагоре....