Автор Тема: Alfa Romeo vs Everything Else!  (Прочитано 1429689 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9765 на: 11 Август 2018, 12:11:56 pm »
Алфисти, брат ми е заинтересиран за една ваква алфа

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мотор има 1.9 8v 120 кс, дизелче, 2006 година.... како се покажани овие мотори, сервис колку кошта и некои поосновни делови дали се изгор или нормални цени и на што да се гледа при купувањето ?

Генерално е супер количето.
Мало, брзо, прецизно, релативно комфорно и одлично за возење.

Моторот би требало да нема некој посерозни проблеми. Јас до сега сум немал ништо.

Предницата е малку сложена. Треба купување оргинални делови TRW ако сакате да трае повеќе. И најбитно многу пазање по дупки и нема качување на тротоари.
Се појавуваат некој ситници ама не се ништо страшно. Некоја сијаличка ќе покажи дека е рикната, ќе ги средиш контактите, можи некое цревце да пукни од турбо до мотор (не дека на други коли не пука) ама и тоа не е страшно.

Како што ти кажа Симо и Мартин. Генерално се ок освен со малку поскапа предница. Нормално има зошто е таква предницата.

Редовен сервис: 4-5 000 (јас ставам секогаш најскапи филтри и масло)
Голем сервис: 10-13000 ден

Предница нова (ама се ново): 400-500е
Ламела, потисна, лагер: 200е (од сет квачила 380 мислам со се замаец)

Нема ДПФ овај модел. Само ЕГР.
Пожелно е да си го исчистите заедно до клапната и МАП сензорот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9766 на: 16 Август 2018, 13:47:49 pm »
Ме насмеа констатацијата на крај од тестот :)


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9767 на: 18 Август 2018, 19:39:12 pm »
Здраво

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9768 на: 19 Август 2018, 14:33:08 pm »
Вчера во Скопје и Велес од повозени и визуелно проверени седум 147-ки, само две можам да издвојам како солидни со неколку забелешки:
Првата од плац (единствена која не ја повозив) 2007г 1,9 120 КС:
Kaросериски најздрава од останатите со ситни гребаници,
Внатрешноста на неколку места изгорена од цигара, недостигаше копчето од рачната сопирачка, скршено копчето за подигање и спуштање на возачкиот прозорец (функционираше некако),колку би коштало да се замени со половно или ново?
Таблата каде што ги покажува изминатите километри трепкаше цело време додека беше запалена колата( како се средува и поради што се јавува ? )
Кумплугот беше прилично тврд за притискање (кај повекето алфи беше тврд со исклучок на една), дали е нормално или треба да се планира менување на ламела, потисна ?

Втората алфа исто така 1,9 120КС 2005г :
Моторот добар, брз,влечеше колата солидно, имаше некое крцкање на предницата (газдата ми велеше дека биле некои гумици),
назад како да одскокнуваше задницата на дупки и нерамнини ( по мое мислење амортизери), внатрешноста перфектна + се беше здраво и функционално, исто така и на оваа кола трепкаше таблата на километражот каде се покажуаат изминатите километри ??.
Поголеми мани на колата: бојата на кровот почнуваше да се лупи на неколку места ,исто така лакот на хаубата почнуваше да обледва (колата не беше исперена затоа не можев да видам на другите места во каква состојба беше бојата).
Или до мене е проблемот јас сум многу манлија или не знам шо е работата :D
Алфисти  давајте совети и одговори на прашањата погоре.

 

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9769 на: 19 Август 2018, 14:45:49 pm »
...

После овој муабет, очекувам да купиш уште едно Рено.   ;D ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9770 на: 19 Август 2018, 14:55:11 pm »
Вчера во Скопје и Велес од повозени и визуелно проверени седум 147-ки, само две можам да издвојам како солидни со неколку забелешки:
Првата од плац (единствена која не ја повозив) 2007г 1,9 120 КС:
Kaросериски најздрава од останатите со ситни гребаници,
Внатрешноста на неколку места изгорена од цигара, недостигаше копчето од рачната сопирачка, скршено копчето за подигање и спуштање на возачкиот прозорец (функционираше некако),колку би коштало да се замени со половно или ново?
Таблата каде што ги покажува изминатите километри трепкаше цело време додека беше запалена колата( како се средува и поради што се јавува ? )
Кумплугот беше прилично тврд за притискање (кај повекето алфи беше тврд со исклучок на една), дали е нормално или треба да се планира менување на ламела, потисна ?

Втората алфа исто така 1,9 120КС 2005г :
Моторот добар, брз,влечеше колата солидно, имаше некое крцкање на предницата (газдата ми велеше дека биле некои гумици),
назад како да одскокнуваше задницата на дупки и нерамнини ( по мое мислење амортизери), внатрешноста перфектна + се беше здраво и функционално, исто така и на оваа кола трепкаше таблата на километражот каде се покажуаат изминатите километри ??.
Поголеми мани на колата: бојата на кровот почнуваше да се лупи на неколку места ,исто така лакот на хаубата почнуваше да обледва (колата не беше исперена затоа не можев да видам на другите места во каква состојба беше бојата).
Или до мене е проблемот јас сум многу манлија или не знам шо е работата :D
Алфисти  давајте совети и одговори на прашањата погоре.
До колку пари гледаше?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9771 на: 19 Август 2018, 15:08:48 pm »
Прашање до Алфистите:
Кој мотор е попогоден во 156ка, дали 1.8 или 2.0 твин Спарк?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9772 на: 19 Август 2018, 15:24:48 pm »
Јтд 😃

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9773 на: 19 Август 2018, 15:41:11 pm »

До колку пари гледаше?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk



До 3 700 €

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9774 на: 19 Август 2018, 16:13:29 pm »

Внатрешноста на неколку места изгорена од цигара, недостигаше копчето од рачната сопирачка, скршено копчето за подигање и спуштање на возачкиот прозорец (функционираше некако),колку би коштало да се замени со половно или ново?
Не би знаел дали е скапо, но исто така тоа може да биде проблемот со ова подолу:

Цитат
Таблата каде што ги покажува изминатите километри трепкаше цело време додека беше запалена колата( како се средува и поради што се јавува ? )
Километражата може да трепка од разни причини. Тоа е индикатор дека некој од CAN Bus (боди компјутер) нодовите е исклучен, или додаден.
На пример - сменета инструмент табла (може и несоодветно враќање километража), сменета навигација со обично радио или обратно, проблем со нод-овите на  прозорите и слични работи. Се што комуницира преку кан бас со боди компјутерот, треба да биде пријавено во истиот како посебен елемент, ако не е пријавен, индицира инструмент таблата со трепкање. Со асална компјкутерска дијагностика во сервис, ќе си каже што фали.
Цитат
Кумплугот беше прилично тврд за притискање (кај повекето алфи беше тврд со исклучок на една), дали е нормално или треба да се планира менување на ламела, потисна ?
Непосредно после промена е мека, но брзо се стврднува. Проблемот може да се отклони со менување на едни тефлонски воџици на вилушката на менувачот, но воглавно е тврда. Колку што имам јас искуство, без разлика дали е мека или тврда, треба кога ја притискаш да иде мазно и рамномерно без да има моменти на посилен отпор при движењето. Ако на некои места пружа поголем отпор, веќе е знак за промена на сетот.

Цитат
Втората алфа исто така 1,9 120КС 2005г :
Моторот добар, брз,влечеше колата солидно, имаше некое крцкање на предницата (газдата ми велеше дека биле некои гумици),
назад како да одскокнуваше задницата на дупки и нерамнини ( по мое мислење амортизери), внатрешноста перфектна + се беше здраво и функционално, исто така и на оваа кола трепкаше таблата на километражот каде се покажуаат изминатите километри ??.
Jup, задните амортизери дефинитивно. За трепкањето, можда со некој искусен мајстор за алфа, кој има мултиекускан и кабли за дијагностика да се провери зошто трепкаат инструмент таблите.
Крцкањето на предница на топло време, може да биде од гумици на баланс-штангла, како и да е рачунај дека на двете треба предницата и задницата да ја погледне добар мајстор и да ти каже што треба да менуваш...

Цитат
Поголеми мани на колата: бојата на кровот почнуваше да се лупи на неколку места ,исто така лакот на хаубата почнуваше да обледва (колата не беше исперена затоа не можев да видам на другите места во каква состојба беше бојата).
Или до мене е проблемот јас сум многу манлија или не знам шо е работата :D
Алфисти  давајте совети и одговори на прашањата погоре.
Типично е тоа со кровот и хаубата, за жал. Очигледно „печена“ на сонце. 

Не е проблемот до тебе, не си манлија. Тоа е со Алфите. Се носат многу канти. Треба средување. Средувањето на запад е доста поскапо отколку кај нас. Луѓето се отарасуваат со време, и си купуваат нови коли, поасалните одат по румунии, бугарии полски и други европски земји, најкршевите доаѓаат кај нас :)


Прашање до Алфистите:
Кој мотор е попогоден во 156ка, дали 1.8 или 2.0 твин Спарк?

Веројатно 1.8, иако се многу слични. 2.0 има иста глава, исти  брегасти, но кај блокот 1.8 има пократка радилица, што значи различни клипови, различни клипњачи.. 2.0 има балансери на моторот, кои се погонувани од додаден ремен и затегач, тоа малце го усложнува и поскапува одржувањто, со оглед што препорака е да се менуваат ремени на 60.000 или на 3 години (што дојде прво).
1.8 поради помалиот `од на клипот сака полесно да се врти, но 2.0 има доста поголема предност поради торкот при пониски вртежи.

« Последно менување: 19 Август 2018, 16:22:38 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9775 на: 19 Август 2018, 20:39:00 pm »

До колку пари гледаше?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk



До 3 700 €
А овие Битолските ги прегледа?
Оти не погледнете и некое Браво како моето,мада нешто поскапи се но е доста покомфортно од 147 ентериерот ми е некако подобар (по мој вкус)
Иначе тешко се наога кола,90℅ е ѓубре.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9776 на: 19 Август 2018, 21:07:56 pm »
...

После овој муабет, очекувам да купиш уште едно Рено.   ;D ;D ;D
Ете решив да го сменам брендот, загризав по 147-ка, ама не можам да најдам некоја салам зачувана :D
Ќе почекам уште некое време можи ке излези нешто посалам.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9777 на: 19 Август 2018, 21:13:46 pm »
А ти кажи го продаваш ли меганот? 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9778 на: 19 Август 2018, 21:54:40 pm »
Ја видовта оваа?

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2689584

Знам дека не е 120кс.
Форумска е.
Според членот, мнооогу е вложено во колава.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Alfa Romeo vs Everything Else!
« Одговори #9779 на: 19 Август 2018, 22:30:08 pm »
Уште боље што не е 120. ;D