Внатрешноста на неколку места изгорена од цигара, недостигаше копчето од рачната сопирачка, скршено копчето за подигање и спуштање на возачкиот прозорец (функционираше некако),колку би коштало да се замени со половно или ново?
Не би знаел дали е скапо, но исто така тоа може да биде проблемот со ова подолу:
Таблата каде што ги покажува изминатите километри трепкаше цело време додека беше запалена колата( како се средува и поради што се јавува ? )
Километражата може да трепка од разни причини. Тоа е индикатор дека некој од CAN Bus (боди компјутер) нодовите е исклучен, или додаден.
На пример - сменета инструмент табла (може и несоодветно враќање километража), сменета навигација со обично радио или обратно, проблем со нод-овите на прозорите и слични работи. Се што комуницира преку кан бас со боди компјутерот, треба да биде пријавено во истиот како посебен елемент, ако не е пријавен, индицира инструмент таблата со трепкање. Со асална компјкутерска дијагностика во сервис, ќе си каже што фали.
Кумплугот беше прилично тврд за притискање (кај повекето алфи беше тврд со исклучок на една), дали е нормално или треба да се планира менување на ламела, потисна ?
Непосредно после промена е мека, но брзо се стврднува. Проблемот може да се отклони со менување на едни тефлонски воџици на вилушката на менувачот, но воглавно е тврда. Колку што имам јас искуство, без разлика дали е мека или тврда, треба кога ја притискаш да иде мазно и рамномерно без да има моменти на посилен отпор при движењето. Ако на некои места пружа поголем отпор, веќе е знак за промена на сетот.
Втората алфа исто така 1,9 120КС 2005г :
Моторот добар, брз,влечеше колата солидно, имаше некое крцкање на предницата (газдата ми велеше дека биле некои гумици),
назад како да одскокнуваше задницата на дупки и нерамнини ( по мое мислење амортизери), внатрешноста перфектна + се беше здраво и функционално, исто така и на оваа кола трепкаше таблата на километражот каде се покажуаат изминатите километри ??.
Jup, задните амортизери дефинитивно. За трепкањето, можда со некој искусен мајстор за алфа, кој има мултиекускан и кабли за дијагностика да се провери зошто трепкаат инструмент таблите.
Крцкањето на предница на топло време, може да биде од гумици на баланс-штангла, како и да е рачунај дека на двете треба предницата и задницата да ја погледне добар мајстор и да ти каже што треба да менуваш...
Поголеми мани на колата: бојата на кровот почнуваше да се лупи на неколку места ,исто така лакот на хаубата почнуваше да обледва (колата не беше исперена затоа не можев да видам на другите места во каква состојба беше бојата).
Или до мене е проблемот јас сум многу манлија или не знам шо е работата 
Алфисти давајте совети и одговори на прашањата погоре.
Типично е тоа со кровот и хаубата, за жал. Очигледно „печена“ на сонце.
Не е проблемот до тебе, не си манлија. Тоа е со Алфите. Се носат многу канти. Треба средување. Средувањето на запад е доста поскапо отколку кај нас. Луѓето се отарасуваат со време, и си купуваат нови коли, поасалните одат по румунии, бугарии полски и други европски земји, најкршевите доаѓаат кај нас

Прашање до Алфистите:
Кој мотор е попогоден во 156ка, дали 1.8 или 2.0 твин Спарк?
Веројатно 1.8, иако се многу слични. 2.0 има иста глава, исти брегасти, но кај блокот 1.8 има пократка радилица, што значи различни клипови, различни клипњачи.. 2.0 има балансери на моторот, кои се погонувани од додаден ремен и затегач, тоа малце го усложнува и поскапува одржувањто, со оглед што препорака е да се менуваат ремени на 60.000 или на 3 години (што дојде прво).
1.8 поради помалиот `од на клипот сака полесно да се врти, но 2.0 има доста поголема предност поради торкот при пониски вртежи.