А дали и во германија има разлика од каде се купува колата, пример тука гласи: Не купувај од паланка таму е сечено,лепено,монтирано. Дали и горе пр; Ахен се издркани коли, пола р'ѓосани, и не купувајте од таму.
Па да. На север и североисток колите се поевтини оти има повеќе влага, повеќе снег, повеќе сол и хемија. Истото важи и за повеќето планински региони низ Германија (Сауерланд, Алпите, Шварцвалд и околу Швајцарија/Австрија). Во потоплите и порамните региони во централна, јужна и западна Германија, колите се поскапи. Иако, и тоа не е гаранција. Најмногу зависи колку сопственици имала колата, дали била во гаража или на улица, дали има гребаници/изгниено, дали има сервисна историја, дали секогаш е оддржувана во официјален сервис, дали секогаш е оддржувана во истиот официјален сервис, колку е возрасен самиот сопственик, дали имала два пара бандажи, дали имало несреќи со неа, дали е префарбувана, дали има многу дополнителна опрема, колку си ја цени сопственикот/самиот продавач, итн.
Не е некоја егзактна наука.
пс. ја е*авме темата за алфа.