Поентата е..
Луѓето што ги купуваат коливе нови сакаат - во денешно време - еден куп играчки, добар ентериер, добро склопен ентериер, сите нишани.
Потенцирам нови.
Џулијата си касни со ентериерот една генерација. Моооожда и нешто јаче. Не дека ентериерот е лош, туку дека германците се подобри. И кога купувач со 70-100 бона ќе дојде, и ќе рече „сакам спортски седан“, и ќе седне во BMW M3, Mercedes C AMG (па и на крају краева во Audi S4), па ќе седне во Џулија Куманово-Велес, работите малку од малку се издвојуваат.
Ние тука можеме велелепно да зборуваме за Џулијата, и да ја воспеваме колку сакаме (бидејќи реално, колата си заслужува), ама да не губиме контакт со реалност.
Џулија „го збогати“ пазарот со тоа што нуди left-field алтернатива на Германците. Ама со продажбата, не го „збогати“ пазарот ич.