Power-oversteer.
хмм... нели така аутото ќе се фрли И во андрстир И во оврстир истовремено?
Како може да ги и има едното и другото истовремено?
Кај возила со заден дел кој е подесен да биде послободен, ако дадеш и малку гас на сред кривина, задните тркала ќе почнат да губат тракција и задницата по инерција ќе сака да продолжи право по тангента. Тоа се нарекува Power-oversteer.
Колата не мора да има слободна задница, ти можеш и на 911 да го направиш истото, само што таму ќе ти треба многу повеќе сила за да го добиеш истиот ефект. Ако пак си на граница на овој ефект, односно си дал гас малку под граничниот што при тие услови би предизвикал преуправливост, си во зоната што предизвикува Power-understeer, односно задните тркала пренесуваат доволно сила за да се префрли масата на задната оска и со тоа одземаш тракција од тркалата што управуваат. Околу оваа граница може да се случи лесен премин од подуправување во преуправување, ако возилото не е убаво подесено.