-делови, воглавном се наоѓа се, што тука што на нет или грција/бугарија. Цените не се баш нешто убави, ама не е ни толку страшно. За класата, сосема во ред.
-како што рече Мартин, подвозје е потрошен материјал. Во зависност дали репарираш или купуваш нови, ќе варира и цената. За 500-1000 евра се менува се комплет, со ТРВ и слични делови. Секако, не мораш се одеднаш. Кога ќе провозиш малце во кривини, ќе видиш и зашто толку кошта подвозјето

)) Друго, гумените црева. 2 турбо црева се менуваат на 3-4 години, 100-150 евра. Црева за вакум на турбото, и слични глупости треба да се релативно евтини. Трето, ламела страда од јак мотор, и цигла на папуча за гас. Две сајли за рачна, 40-50 евра пошто знаат за зарѓаат. Мање више, другото е солидно. Кога ја палиш, чекаш да се запалат сите сијалички на табла, и сите да се изгасат пред да почнеш да верглаш. Ако нешто свети, проблем

Без компјутер и дијагностика, тешко ќе знаеш повеќе. Пази на удари и рѓа. Генерално лимот е одличен и не би требало да има рѓа нигде, ако има, нешто смрди. Ако можеш да пробаш вожња, некои работи одма ќе видиш. Папуча до под, дали свири турбото, дали исфрла дим на забрзување, дали пролизгува ламелата во 4-5 брзина и гас од ниски вртежи. Кога поминуваш преку нерамнини, дали(колку) тропа/шкрипи. Ако цревата на турбото се пукнати, ќе имаш црн дим(богата смеша), не е страшно. Бел дим (вода) или плав(уље) - ПРОБЛЕМ! Моторот е јака страна. 16вентилските се поретки, поосетливи малце, ама и подобро одат

Сите километражи се на 130-140 иљади, ама колите би требало да се од 200 нагоре. Види како изгледа внатрешноста. Ако сменил седишта, педали, рачки на вратите, каиш, кугла на мењач, алал да му се на парите за преварата

)))
едит: ќе заборавев ЕГР вентил. Знае да запуши од спора градска вожња или богата смеса(чипови, дупнати црева и слично). Се чисти релативно лесно, а се забележува ако колата под 2000 вртежи ти е трома, или знае да се закашла/изгаси.
-Сервиси: аце/гојко и драган радишани, саме калаш пржино или црниче?, тони автокоманда. Види си кој ти одговара со цена/однос. За квалитет не сум чул поплаки. Мути во Ѓорче растура 156ки, може да се најде.
- општи импресии: алфа, кола со дух. Ќе те тера да чепкаш, средуваш стално, не е за луѓе што отвараат хауба еднаш годишно. Нормално одржување, просечна потрошња. Град 7-8 ( повеќе ако правиш ептен кратки релации), отворено 5-6. Јас не сум тркач нит возач, ама вожњата е уживање во секој поглед. Секогаш стабилна, агилна, интересна. Можам да возам во гужва низ град и да не се нервирам. Ако притиснам гас, знам дека сум пристиснал. Сите во колата знаат дека е притисната

Веројатно и тие во десната лента приметиле дека е притисната

Добро, 115 коња(најслабиот јтд во 147) не е нешто претерано денес, ама итаљански се, и солидно се држат за годините. Пробај забрзување на нагорнина, пробај некој планински превој полн кривини и ако не си насмеан од уво до уво, алфа не е за тебе

Стално сум бил под стрес кога сум возел по такви патишта, сега им се радувам однапред.