Оваа има добар мотор, а по километражата сигурно има додадено 30-40.000. Не може Алфа да помине волку бар не без ремонт
Позначајни маани нема, си ги има оние таљански бубици.
Пушти радио, види дали добро фаќа сигнал. Пробај заден бришач. Провери трето стоп светло. Ако има маана по некое од овие точки, има прекин во жичките од кабина кон петта врата. Лесно и ефтино се средува.
Ако можеш да ја пробаш, исфорсирај да видиш до кај е ламелата. Има километри, а сетот е како кај мене.
Со подвозје немаат проблем.
Провери го казанчето за антифриз од долната страна, маанливи се и знаат да пуштаат од доле. Веројатно на ова веќе е сменето, ама за секој случај.
Другото се сведува на моментална состојба и како е одржувана.