Бев завчера на пат, не завлекува толку на високи брзини ама има некоја минимална влеча, не е тоа што беше.
Ќе тркнам до мотоцентар па ќе видам што ќе кажат таму. Ќе известам, може на некој друг ќе му се најде.
ти си направил промена со задни-предни... дали гумите се со стрелка на ротација или не? ако се да, тогаш тоа значи дека на предното десно тркало (рече дека на десно ти влече нели) од внатрешна страна гумата е повеќе потрошена. а тоа е последица од некаков проблем со заден трап, затоа што задното десно ти е малку подотворено. најчесто чаурите се тие што ова го прават.
е сега, ако гумите се БЕЗ стрелка на ротација, а сепак си сигурен дека задните се напред, предните се позади, е ондак, истово може да е проблем и со задно лево тркало... тука барај го проблемот... а ако не го бараш, за некои 10.000 километри ке ти исчезне... за толку време предната гума ке се истроши и изедначи со остатокот од шарата, а задната гума пак ке си потроши од внтаре и се ке си дојде на место...
бирај што ке правиш...
постои и трета опција, од предно тркало да е истрошена па позади ставена, ама за да влече кола на десно од толку лошо истрошена задна гума (лева во случајов) ќе беше видливо со голо око и на гумата и на тркалото дека е криво...