Викендов закаснив да отидам кај Борче а пошто немам друг ден слободен во наредните 2 недели реков ајде ќе идам кај Глигориј.
Ги проверивме сите 4 бандаши, сите беа криви многу, особено задните.
Мораше само едниот да го грее и да го исправи, за работата секоја чест, виртуоз е за исправање, со чистење на гума залепена од внатрешната страна, поминување со шмиргла, малку спреј ... нова ѕивана за да не дише итн.
Во исто време променет и сетот од зимски на летни кај него.
За Глигориј можам се добро да кажам освен односот со луѓе. Терсене фкрај, иако јас важам за човек кој трпи и дослушува.
Саат ипол ме удави за да не ги балансирам гумите. Абе немате појма, вакви се, такви се, ако бандашот е прав, нема потреба .. итн.
Нејсе.
Гумите летни ми се возени 1 сезона.
Задоволството ме чинеше 4900 денари. Со промена на гуми и исправање. 225/40/R18
Искочив за да одам накај дома, пред Систина влече цела кола во десно малку, а ми рече да му се јавам за да му кажам ( да потврдам негова теорија ) дека нема потреба од баласирање.
Не му се јавив.