Да го прочепкав КОДИ го инсталирав на таблет со ексодус аддонот достапни се доста филмови и серии. Е сеа ме интересира за овие уредиве кој да го изберам да го акнам на тв. Гледам доста ги има на геарбест па и на али. Ти од ГБ го купи? до сега не сум нарачувал од нив ама мислам дека се добри..
Сигурни се и Али и Геарбест. На Геарбест купувај преку пејпал, тоа ти е сигурност за во случај на проблем (нестигната, или оштетена/неисправна пратка). На Али не може Пејпал, ама па имаат таква политика да ако си во право, секогаш ти ќе го добиеш спорот а не продавачот.
Од Геарбест сум нарачувал двасетина работи, сите дошле. Со двата саати имаше проблеми, едниот беше неисправен а вториот една бројка не работи. Ми ги вратија парите и за двата саати (после видео документирање на отварањето и на проблемот). Секогаш снимај отварање на пратките, освен за ептен евтини работи, и нема да имаш проблем.
Инаку расипаниот саат го поправив после, неисправен осцилатор.

Тој другиот си го користам за на кајак и на планинарење (аналогниот саат работи, а и дигалниот освен една бројка).
За геџети Геарбест е поевтин. Провери ги тие плеерите од линковите, на Али се нешто поскапи.
Тие два уреди во линквите јас после читање и истражување ги земав за фаворити. За Beelink X2 повеќе читав, и за него се одлучив пошто со истиот чип нарачав и развојна плочка (како рапсбери пај, само поевтина). Така да знам дека има и Линукс за Beelink X2, ако некогаш затреба да се користи по дома за проекти како на пример - автоматизација на домот (контрола на светла, врати, завеси, вентилација, греење, итн).
За парите супер е Beelink X2. Коди функционира, со задршка дека има некој баг со филмови од УСБ, но истите супер работат со другиот плеер. Не сум седнал да го разр’чкам како што треба, и да ставам и други плеер за симнати филмови. И аддони за Коди за спорт. Ама ме мрзи пошто имам време, роденденото на брат ми е тек во втората половина од Јуни.

Можат модераторите да не преселат на интернет нарачки, ако замараме овде.
