Кај Prison break одлична беше првата сезона во затворот. Чиста 5 ка.
Втората во другиот затвор беше ОК.
Понатаму, гледав колку да видам што све ќе измислат за да трае повеќе.
Ако Prison break е единствената (понова) серија што си ја гледал, сосема ми е јасно зошто избегнуваш да гледаш серии.

Само ќе ти кажам дека има неколку навистина одлични серии, како на пример Braking Bad, серија која кој не ја изгледал - многу пропуштил. Урнебес невиден.
Понатаму, нешто понизок квалитет ама сеуште добри серии. Game of Thrones, eпска фантастика пар екселанс, правена е според серијата книги A Song of Ice and Fire, чие читање го препорачувам дури и за тие што не се љубители на жанрот. За љубители на зомби апокалипси - Walking Dead, солидно забавна (стрипот е уште подобар). Vikings, викинзи ебате, добра продукција, одлична фотографија и кореографија, осредно сценарио. True Detective, детективска серија за пар џандари што бркаат сериски убиец, првата сезона е одлична. House of Cards, ако не те интересира како функционира моќта во денешното општество, тогаш ова вреди да се погледа барем заради глумата на Кевин Спејси (ако некој е роден да глуми антихерој, тоа е Спејси). Кога сме кај антихерои, Dexter, серија за сериски убиец со морални правила, кој убива само убијци, глупаво звучи ама концептот функционира и серијата е гледлива.
Има уште неколку серии, ме мрзи да пишувам, ама тоа што е заедничко за сите е дека
сите се светлосни години подобри од првата сезона на Prison break - која патем, е единствената сезона која колку-толку вреди да се погледа (јас не успеав да изгледам повеќе од неколку епизоди од втората сезона).