...Монти Пајтон, Црна гуја...
Монти Пајтон смрт немаат, било кога, било каде... Од друга страна Црна Гуја пробав да го гледам прошлава година, не можев. Култна серија на времето, иако и ден денес се спомнуваат некои од финтите - ама ваљда се во свое време.
Таквите ситком продукции како Френдс, офис, итн, никад не сум ги можел. Не дека немаат моменти, ама така изнасилени ми се.
Не ми е јасно што видоа милионите гледачи во Breaking Bad
ја прекинав некаде во 3та сезона...
За мене лично, комбинацијата од повремен урнебесен хумор и одлично сценарио кое знае да те држи на ивицата на каучот. Ликовите се многу добро профилирани, ниеден карактер никогаш не излегува од карактер. Карактерите на двата главни лика се така дијаметрално различни, што се одличен рецепт за катастрофа (што неретко се случува).
Серијата е совршен микс од интелегентно сценарио со добри заплети (и уште подобри расплети), наука, хумор, шок моменти, емоции, повремено насилство (и тоа екстремно), итн итн. Дали е возможно на некој да не му се допаѓа - да се разбира. Не има секакви, некои мразат чоколадо, други спорт, трети...
