Ме засегна дискусијава како голем љубител на соодветно озвучување, а особено и покривање на потребниот спектар во долниот дел од слухот на човекот. Би сакал да ви нампоменам дека „Бас“ кошта. Многу. Премногу. Структурно се градат сабвуферите во кината во самата конструкција на зградата за да се фати поефтино крајното решение. Со полуотворена кутија се работи и слични решенија за кратење на цените. За да се постигне потребното искуство со соодветна ниска фрекфенција кога ќе удри во градите со голема сила како што предвиделе аудио техничарите на песната и филмот потребен е оргомен број на силни и моќни мембрани кои ќе го задвижат воздухот на фрекфенции дури и под 10Hz (!!!) со сила од барем 110dB, a пожелно и повеќе. Голем дел од филмовите имаат такви делови каде треба далеку под 30Hz која е релативно честа бројка во подобрите кино сали, а во најчест случај 40Hz.
Со едноставна спектрална анаиза може да забележиме дека сцената во Black Hawk Dawn:
може да заклучиме дека е потребна репродукција на 6Hz (!!!)

за да се долови филмот соодветно. А ако земеме дека 35Hz e границата на просечната кино сала може да се увиди дека огромен дел од звукот се наоѓа под 35Hz кој ти не го слушаш. Еве како Стратро што има искуство со Бас инструмент, и слушање на таа песна на транзисторче резултира со тишина во делот на Бас инструментот. Едноставно неможе да го отсвири.
А во домашни услови со бафчиња од 6 инча и слични комедии кои на хартија одат до 50Hz, па да не зборуваме.
И тоа не е случај со тој конкретен филм, истото се случува и со други филмови:
Бетмен Ритрнз:

Казино Ројал:

Филмовите се преполни со ниска фрекфенција на потрес кој треба да се доживее од соодветното озвучување, но екстремно е мал процентот на луѓе што го слушнале било кој филм „соодветно“.
Ставањето на 8 на број, 18 инчни сабвуфери во мала соба не е претеризам за да „рокаш“, туку е решение кое со потребната дигитална еквилизација ќе резултира со одличен динамички опсег при гледањето на филмовите и нивната репродукција.
Цената на чинење на таквите решенија е голема, а искуството уште поголемо. Но, едноставно реалноста е таа да во моментов се задоволуваме со скоро целосно изоставање на најнискиот дел од аудио снимката. Да се надеваме дека во иднина ќе го слушаме (и пред се чувствуваме) целиот потребен спектар. Јас секако планирам решение за во мојот иден дом.